Бушати: Независно од инцидентот во Буларат, одлучни сме да ги надминеме бариерите со Грција

Албанскиот министер за Европа и за надворешни работи, Дитмир Бушати, изјави дека независно од инцидентот во Буларат, со грчката страна „продолжуваат дискусиите за постигнување на договорите, кои ќе го олеснат животот на албанските граѓани во Грција и обратно“.

Тој додава дека албанските власти се одлучни да работат со грчката страна, со цел да се отстранат сите бариери кои постојат меѓу двете земји.

-Она што го гарантираме во име на албанската држава е нашата одлучност да работиме со грчката страна за да се спроведат договорите, еден по еден. И во контактите кои ги имавме во изминатиот период, две-три недели наназад, независно од инцидентот што се случи во Буларат, било да се контактите со премиерот или со мене, заеднички став е дека е неопходна одлучноста да ги надминеме една по една сите бариери кои постојат меѓу двете земји, а кои се многу значајни за животот на нашите граѓани, изјави Бушати.

Тој се надева грчката страна час поскоро да ја заврши процедурата за еден од договорте, кој во пракса предвидува олеснување за граѓаните од двете страни, бидејќи според него многу поголем број албански државјани живеат во Грција, а помалку грчки државјани во Албанија.

Инцидентот во селото Буларат, кај јужниот албански град Ѓирокастро, се случи на 28 октомври, кога во престрелка со припадниците на албанската специјална полициска единица „Ренеа“ беше убиен Константинос Кацифас(35), албански Грк, кој поседувал и грчко државјнаство.

Убиството на Кацифас предизвика тензии во грчко-албанските односи, дури грчкиот заменик министер за надворешни работи се закани дека и преговорите меѓу двете земји кои се водат за повеќе прашања ќе зависат од истрагата околу настанот во Буларат.

Вести

Пријавени вкупно 75 случаи со симптоми на морбили

Вкупно 75 случаи со симптоми на морбили (мали сипаници) се пријавени заклучно со вчерашниот ден. За 65 од нив е добиена лабораториска потврда, соопшти денеска Министерството за здравство. Возраста на заболените се движи од осум месеци […]

Вести

Рудникот „Иловица-Штука“ се развива согласно најновите законски измени

Проектот за рудникот Иловица-Штука се развива и согласно измените на законот за минерални суровини, кои на 9 јануари годинава беа изгласани во Собранието на Република Македонија, стои во изјавата на компанијата „Еуромакс ресоурцес“. Додаваат дека […]

Вести

Продолжуваaт протестите и неизвесноста во „Еурокомпозит“

Вработените и работниците прогласени технолошки вишок од прилепски „Еурокомпозит“ денеска на протест пред фабриката сметаат дека нема на повидок решение за нивните проблеми и најавуваaт протест в понеделник пред владата во Скопје. Во името на […]

Вести

Маж се самозапали на плоштад во Прага

Маж се самозапали денеска на Вацлавскиот плоштад во Прага, каде пред 50 години се самозапали студентот Јан Палах против советската инвазија врз Чехоловачка. Мажот има 30 отсто изгореници по телото и префрлен е во болница. Според […]

Вести

Маас: Русија може да го спаси договорот ако се откаже од крстосувачките ракети

Русија може да го спаси Договорот за отстранување на ракетите со среден и краток дострел ако се откаже од своите крстосувачки ракети, кои се во спротивност со Договорот од 1987 година помеѓу САД и тогашниот […]

Вести

Европа се подготвува за хаотичен брегзит без договор

Државите од Европската унија трошат милиони, вработуваат илјадници работници и итно даваат секакви дозволи за да се справат со се поголемата веројатност дека на 29 март Велика Британија ќе ја напушти Унијата без договор, и […]

Интересно

Распеани мајмуни прогласени за животни на годината во Зоолошката во Виена

Посетителите на виенската зоолошка градина „Шонбрун“ секој ден можат да уживаат во дуетот на мајмуните Рао и Сипура. Тие се од расата гибони, кои во животинскиот свет се нарекуваат и шумски пејачи. Тој загрозен вид животни […]

Интересно

Кристи Бринкли и на 64 години во одлична форма

Поранешниот супермодел Кристи Бринкли на настан во Њујорк се појави во бел мини-фустан со долги ракави. Инаку, таа има 64 години и е мајка на три деца од три брака. Бринкли во минатото беше мажена со музичарот […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*