Бугарскиот премиер го свика Советот за безбедност заради тензиите околу Украина


 Бугарскиот премиер Кирил Петков за утре го свикува Советот за безбедност, кој работи како тело на владата. Средбата ќе се одржи по завршувањето на заедничката седница на владите на Бугарија и Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.


 

Како што јави дописникот на МИА од Софија, членовите на Советот за безбедност ќе разговараат за тензиите околу Украина и плановите на сојузниците на НАТО за зајакнување на источното крило на Алијансата.

Советот за безбедност е под директна надлежност на бугарскиот премиер. Неговата главна задача е да ја анализира состојбата со заштитата на националната безбедност, јави дописникот на МИА од Софија.