Бугарија во најкус можен рок ќе испрати противпожарни единици кои ќе им помогнат на нашите екипи во гаснење на пожарите


Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук објави дека доцна вечерва имал телефонски разговор со претседателот на Бугарија Румен Радев на кој било договорено во најкус можен рок, Бугарија да испрати противжорани единици во нашата земја.


 

– Доцна вечерва имав телефонски разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Договорено е во најкус можен рок, Бугарија да испрати противпожарни единици кои ќе помогнат на нашите екипи во гасење на пожарите, напиша Пендаровски на ФБ.