Бугарија ја укина забраната за влез и карантин за одредени категории



Бугарија ја укина забраната за влез и карантин за одредени категории - МИА

Софија, 22 мај 2020 () – Забраната за влез во Бугарија денеска е укината за одредени граѓани на државите членки на ЕУ и на Шенген зоната, меѓу кои се и Сан Марино, Андора, Монако и Ватикан, соопшти бугарското Министерство за здравство.

Забраната е укината за следниве категории на луѓе: медицински експерти, медицински истражувачи, персонал за испорака на лекови,персонал кој се занимава со меѓународен превоз на патници и стоки, странски функционери, лица кои патуваат во хуманитарни цели, претставници на трговски, економски и инвестициски компании, сезонски земјоделски работници, угостителски работници и пограничен персонал, јави БТА.

Четиринаесетдневниот карантин за влез во Бугарија е укинат за неколку категории државјани на Бугарија и земјите од ЕУ, вклучително и луѓе кои патуваат во хуманитарни цели и претставници на трговски, економски и инвестициски компании.

Карантинот по влегувањето во Бугарија е укинат и за членовите на семејствата на бугарските граѓани и за лицата кои се во заедница со граѓани на Бугарија, за престој во Бугарија до седум дена.

Сите други лица кои влегуваат во Бугарија подлежат на 14-дневен карантин во нивниот дом или сместувањето, кое лицето го навело.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]