Брнабиќ: Вучиќ нè спаси од санкции

Брнабиќ-Вучиќ-нe-спаси-од-санкции.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека и се чини дека претседателот на Србија Александар Вучиќ успеал да ја отстрани непосредната опасност од воведување санкции кон Србија во Гранада.


„Најважната порака до сите наши граѓани е дека претседателот Вучиќ во Гранада успеа да се погрижи Србија да биде зачувана“, рече Брнабиќ во утринската програма на српска телевизија.

Таа оцени дека времињата се уште се тешки и дека кризата не поминала, дека притисоците доаѓаат од регионот, пред се од Хрватска, да се искористи ситуацијата на Косово за воведување санкции кон Србија.

Брнабиќ рече дека по инцидентот во Бањска на 24 септември, Приштина започнала лавина дезинформации за да ја искористи трагедијата за воведување санкции кон Србија, но дека Вучиќ успеал да ја запре таа лавина и да ја стабилизира ситуацијата.

Таа додаде дека Приштина е во дипломатска офанзива и бара санкции, но дека тоа не е изненадување.

Брнабиќ е убедена дека „на сите им е јасно“ дека Србија ги осудува сите форми на насилство и дека е за мир и стабилност, додека косовскиот премиер Албин Курти генерира насилство врз Србите на Косово кое поминува неказнето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK