Брегу: Регионалната интеграција не може да напредува без европската


„Регионалната интеграција не може да напредува без европската интеграција“, изјави денеска во Женева генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу.

Зборувајќи по состанокот на лидерите на Западен Балкан, Брегу рече дека поради тоа предизвикот е сега поголем и дека шесте земји од регионот, очекувајќи појасна слика за проширувањето на ЕУ, сепак, треба да ја засилат регионалната соработка. Сите треба добро да разберат што се случува со процесот на регионалната соработка, зашто забуна во тој поглед може да ја загрози, вели Брегу.

„Побрзиот економски раст на Западен Балкан лежи во создавање единствен пазар или регионален економски простор како што ние го нарекуваме. Ако прекуграничната координација во регионот го достигне европскот просек, Западен Балкан на годишна основа би заштедел 800 милиони евра или околу еден отсто од БДП на регионот. Функционален регионален економски простор им помага на економиите да бидат многу поконкуренти, иновациите побрзо да се шират на обединетиот пазар, а кога зборуваме за Западен Балкан тоа е пазар од 18 милиони луѓе“, рече Брегу.

Регионалнито совет за соработка денеска потпиша Меморандум за соработка со Светскиот економски форум, кој ги собра лидерите на Западен Балкан, што според Брегу ќе ја помогне регионалната интеграција.


Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово - МИА
Вести

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово

Скопје, 6 јуни 2020 () – За граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино […]

Во шест градови во земјава нема повеќе активни случаи на Ковид-19 - МИА
Вести

Активни 1.009 случаи на заболени од Ковид-19, 90 отсто од новозаболените се од 15 фамилии

Скопје, 6 јуни 2020 () – Во земјава вчера беа потврдени 180 нови случаи на позитивни од Ковид-19, што е најголем број од почетокот на епидемијата досега, но министерот за здравство Венко Филипче информираше дека […]

Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти - МИА
Вести

Вкупно 180 нови случаи на КОВИД-19, двајца починати, најмногу заболени во Скопје

Скопје, 5 јуни 2020 () – Вкупно 180 нови случаи позитивни на КОВИД -19 се евидентирани во изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти – едниот на возраст од 52 години […]