Борисов протера руски дипломати: „Некои работи се недозволиви на бугарска територија“


Борисов протера руски дипломати: „Некои работи се недозволиви на бугарска територија“

Бугарските разузнавачки служби и јавното обвинителство собраа доволно податоци за да ги обвинат руските дипломати за шпионажа, соопшто бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Тој посочи дека постојат одредени работи што се недозволиви на територијата на Бугарија и дека секој што ќе се обиде да се занимава со шпионажа ќе биде темелно истражен и протеран, пренесува агенцијата „Тасс“.

Вчера бугарското Министерство за надворешни работи им даде 72 часа на двајца руски дипломати да ја напуштат земјата, откако обвинителите ги обвинија дека биле вклучени во шпионажа од 2016 година.

Претходно, обвинителството објави дека руските дипломати од 2016 година барале доверливи информации за плановите за модернизација на армијата и одржувањето на воената опрема.

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека одлуката на Бугарија да протера двајца вработени во економскиот и трговскиот оддел на руската амбасада во Софија ќе ја наруши билатералната соработка.

Во соопштението се наведува и дека понатаму ќе бидат објавени мерките со кои Москва ќе одговори на овој потег на Софија.

 

 


Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Вести

Регистрирани 404 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*