Борисов: Бугарија не е ниту Србија, ниту Турција, не го разбирам Путин


Секој има право да бара алтернативни патишта, ние бараме алтернативна диверзификација, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов како одговор на рускиот претседател Владимир Путин, кој ја обвини Бугарија дека доцни со изградбата на гасоводот „Турски поток“.

Борисов за бТВ изјави дека некому веројатно не му се допаѓа што Бугарија е толку лојален сојузник на НАТО.

– Не сакам да зборувам за тоа што сакал да каже Путин. Имаме гаранции од ЕУ и САД дека Бугарија ќе биде центар за дистрибуција на гас. Не верувам дека Србите побрзо ќе го изградат својот дел од „Турски поток“, истакна бугарскиот премиер.

Тој нагласи дека Бугарија воопшто не доцни. Според него, „земја ги почитува сите барања и процедури на ЕУ, за разлика од земји како што се Србија, Русија или Турција.

– Бугарија ги следи процедурите на ЕУ, ние не сме ниту Србија, ниту Русија, ниту Турција. Ние работиме согласно процедурите на ЕУ, објавени се тендери, објасни премиерот, додавајќи дека информацијата на рускиот претседател можеби е стара, бидејќи во земјата активно се гради „Турскиот поток“ со по четири-пет километри дневно.

Борисов, исто така, потенцира дека најдоцна следната година Бугарија ќе се снабдува со гас од други извори преку Грција.

Тој се обрати кон Путин дека е добредојден, нагласувајќи дека морале да се запазат процедурите и затоа е забавена изградбата.

– Знам дека сум направил се што ветив за Бугарија и не случајно добив гаранции – прво од ЕК и од Брисел за дистрибутер на гас во Бугарија, а сега и во стратешкиот договор што го потпишавме во Белата куќа. Затоа, Бугарија е центар за гас, односно дистрибутер на гас, и тоа е прифатливо и за Белата куќа. Затоа, жал ми е – не верувам дека Србите многу побрзо од нас ќе го изградат, но сигурно ќе завршиме навреме, изјави Борисов.

Бугарскиот премиер додаде дека Путин е поканет да ја посети Бугарија и се очекува да дојде следната година, „што е добра можност да го види напредокот на нашите проекти“.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно ја обвини Бугарија дека изградбата на гасоводот „Турски поток“ доцни поради неа.

– Бугарија ја забавува реализацијата на продолжувањето на „Турски поток“ на своја територија. Доколку Бугарија не сака, тогаш Русија ќе најде други можности за реализирање на гасоводот, нагласи Путин.

Од друга страна, пак, бугарски енергетски експерти истакнаа дека руска компанија ја забавува изградбата на гасоводот на бугарска територија, а некои од нив ја доведуваат во прашање профитабилноста на проектот за Бугарија, објави БГНЕС.

Вести

Кривична за поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финанскиска полиција поднесе кривична пријава против Е.А. која во својство на овластено лице директор на СУГС „Браќа Миладиновци” Скопје во периодот од 2016 до 2018 година ја злоупотребила службената положба и овластување, со […]

Вести

До крајот на декември ќе бидат познати сите детали за инвертерите

Премиерот Зоран Заев очекува  до крајот на месецов јавно да бидат објавени сите постапки за субвенционирање на инвертерите. Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека од страна на Владата се завршени сите постапки и […]

Вести

Изградени 70 проценти од магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар

Mагистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар во должина од 78 километри има 70 процентна реализација во градбата,беше посочени при денешниот увид во изградбата на трасата на гасоводот во Тетово, во близина на селото Фалише. […]