Бебе Реџа: Знам дека сме силни, деца сме на Мајка Тереза


Светски познатата пејачка, Бебе Реџа пристигна во Албанија. Прво посети семејство во Бубќ, една од најпогодените зони од катастрофалниот земјотрес, а потоа заедно со претседателот Илир Мета и селото Биз Ишем.

Во изјава за медиумите во Бубќ таа истакна дека ќе остане во Албанија само неколку часа поради обврските, нагласувајќи дека никогаш нема да заборави од каде доаѓа.

Таа вети изградба на две куќи и помош за санација на училишта.

– Целта на моето доаѓање е да придонесам во подигнување на свеста преку светските медиуми и да обезбедам поголема помош за земјата и да најдам најдобро решение за парите што ги собравме. Не заборавам од каде доаѓам или колку популарност имам. Во моите вени тече албанска крв. Ние сме синови и ќерки на Мајка Тереза. Ќе изградам две куќи, ќе помогнам во реконструкција на училишта. Тука сум за да им помогнам на Албанците, истакна Реџа, изразувајќи благодарност до сите кои помогнале.

Бебе Реџа заедно со претседателот Илир Мета посетија семејство во Биз Ишем.

Заблагодарувајќи се на Бебе за нејзиниот придонес, Мета рече дека „само преку солидарност ќе ја надмнеме оваа тешка состојба“.

Познатата Бебе Реџа е родена во Дебар, Северна Македонија. Татко и е од Дебар, а мајка и од Гостивар.

Вести

Венецијанска комисија не го промени ставот за Законот за јазици

Венецијанската комисија во мислење усвоено денеска, ги повикува властите на Македонија да го преиспитаат Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Според соопштението, издадено по […]

Вести

Одбиено барањето за апанажа на Јанева во Собранието

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на попладневното продолжение на седницата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, осомничена во случајот „Рекет“. Претседателот на Комисијата […]

Вести

Меркел го посети Аушвиц: Ова човечкиот ум не може да го сфати

Германската канцеларка Ангела Меркел, за првпат во својот 14-годишен мандат на чело на германската Влада, денеска го посети поранешниот концентрационен логор на Третиот рајх во Аушвиц, и истакна дека тоа што се случило во Аушвиц […]