Атина и Никозија понудија помош до Либан, експлозијата почувствувана и на Кипар



Атина и Никозија понудија помош до Либан, експлозијата почувствувана и на Кипар - МИА

Атина, 5 август 2020 () – Грција и Кипар изразија жалење и сочувство до Владата на Либан по експлозијата и понудија помош доколку е потребно, додека, пак, според кипарските медиуми повредени се три Кипранки, предизвикана е штета на амбасадата во Бејрут, а експлозијата била почувствувана и на островот, јави дописничката на од Атина.

Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение, доцна синоќа изрази сочувство до Владата и народот во Либан и истакна дека земјата „е подготвена да им помогне на либанските власти со сите средства што ги има на располагање“.

Подготвеност за помош и сочувство изрази и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку неговиот официјален „Твитер“ профил.

-Во име на грчкиот народ, сакам да изразам најдлабоко сочувство до народот во Либан, особено до семејствата кои претрпеа загуби и им посакувам брзо закрепнување на повредените. Нашите мисли се со вас. Грција е подготвена да ја обезбеди потребната помош, напиша Мицотакис.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас преку „Твитер“ соопшти дека контактирале со одделот на ЕУ за цивилна заштита и изразиле подготвеност за помош, додека пак градоначалникот на Атина Костас Бакојанис рече дека се во контакт со општина Бејрут за да понудат помош бидејќи „вистинските пријателства се покажуваат кога е тешко“.

Силната експлозија била почувствувана и на Кипар, а според кипарските медиуми, нанесена е штета на кипарската амбасада во Бејрут и повредени се три кипарски државјанки.

Претседателот на кипарската заедница во Либан, како што пренесуваат медиумите од островот, говорејќи за државното радио рекол дека полесно се повредени три жени меѓу кои и вршителката на должност во амбасадата на Кипар во Бејрут.

Според истите информации, во Бејрут живеат околу 2.000 кипарски државјани.

Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис и шефот на кипарската дипломатија Никос Христодулидис преку нивните официјални „Твитер“ профили изразија подготвеност за каква било неопходна помош.


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*