Анкета: Грците против предвремени избори, економијата најважен проблем за земјата


Започнуваат со работа 500 мобилни здравствени единици во Грција за грижа и земање примероци на можни случаи на Ковид-19 - МИА

Атина, 29 мај 2020 () – Економијата за четири од десет Грци е најважниот проблем за земјата, пред епидемијата; 84 отсто од граѓаните се против предвремени парламентарни избори; Владата добива негативна оцена за македонското прашање; 64 проценти сметаат дека земјата оди во правилна насока, владејачката Нова демократија е во предност од речиси 20 проценти пред СИРИЗА, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Metron Analysi“ за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на од Атина.

За разлика од анкетата направена минатиот месец, кога епидемијата беше најважниот проблем за граѓаните, сега за 41 отсто од анкетираните е економијата, а потоа, за двајца од десет испитаници е Ковид-19. Следи невработеноста (14 отсто) и бегалското/миграциското прашање (седум отсто).

Против предвремени парламентарни избори се 84 отсто од анкетираните, а 64 проценти сметаат дека земјата оди во правилна насока.

Над шест од десет анкетирани (63 отсто) ја оценуваат позитивно работата на Владата, додека пак 69 проценти имаат негативен став за позицијата на СИРИЗА како главна опозициска партија.

Во однос на впечатоците на анкетираните за работата на Владата, позитивна е оцената за управувањето со новиот коронавирус , дигиталната трансформација на земјата, криминалот, за грчко – турските односи, културата, животната средина и даночната политика.

Најмалку позитивни впечатоци за работата на Владата, испитаниците имаат за македонското прашање (34 отсто позитивни, 46 проценти негативни), а во истата група, со негативна оцена се и работните односи, миграциското прашање и економијата.

На прашањето: „Ако в недела се одржат избори, за кого би гласале?“, Нова демократија добива 40,3 отсто, а СИРИЗА, 20,9 проценти. Потоа следуваат Движење на промена, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25.

Актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис, е најпопуларен меѓу лидерите на политичките партии со 67 отсто позитивно мислење од граѓаните.

Останатите претседатели на партиите добиваат повеќе негативни, отколку позитивни поени.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Metron Analysi“ за грчката телевизија „Мега“ било спроведено од 22 до 27 мај 2020 година, преку телефонски интервјуа во кои биле вклучени 1.201 граѓанин со право на глас.


Вести

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Караванот на Државната изборна комисија денеска беше во скопските општини Сарај, Шуто Оризари, Чаир и на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје со нивната герила акција. ДИК повика на безбедно гласање со делење на едукативните […]

Вести

Нови 163 случаи со Ковид-19, осум починати, 230 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, […]

Филипче: Имаме протоколи и доволно заштитна опрема за спроведување на изборите - МИА
Вести

ДИК ги повикува учесниците на изборите да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето на граѓаните

Скопје, 8 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повика сите вклучени во изборниот процес да ги почитуваат здравствените мерки, упатствата и протоколите за предвремените парламентарни избори на 15 јули. – Само […]