Анкара тврди дека Грција вооружува 16 острови со невоен статус



– Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар ја обвини Грција дека префрлила оружје на 16 егејски острови со демилитаризиран статус и со тоа прекршила повеќе договори, јави Анадолија.

Тој информира дека станува збор за 16 од вкупно 23 егејски острови, кои според меѓународни договори имаат невоен статус.

– Очекуваме од Грција да дејствува во согласност со меѓународното право, потпишаните договори и добрососедските односи, изјави Акар за време на вчерашната посета на турскиот производител на ракети „Рокетсан“ („Roketsan“).

Тој додаде дека покрај борбата против тероризмот, активностите на Турција во Егејското Море, во Источниот Медитеран, недалеку од Кипар, и Либија, се во тек, и нагласи дека тие се спроведуваат во согласност со меѓународното право и територијалниот интегритет на земјите.

Турција, како земја гарант за Турската Република Северен Кипар, во моментот спроведува активности за истражување на јаглеводороди во Источниот Медитеран со свои два брода за дупчење.

Анкара долго време го оспорува едностраното дупчење во Источниот Медитеран спроведувано од администрацијата на кипарските Грци, тврдејќи дека Турската Република Северен Кипар, исто така, има права на ресурсите во тоа подрачје, потсетува Анадолија.


Вести

Адвокатката на Јанкулоска: Незаконско е спроведувањето, таа е оневозможена да бара одлагање на казната

Адвокатката Сања Алексиќ, бранител на Гордана Јанкулоска која вчера беше спроведена во „Идризово” за издржување на затворската казна од четири години, вели дека нејзиното спроведување е надвор од секоја законска процедура. Таа вели дека штом […]

Вести

Груевски осуден на 1,5 година затвор, Јанакиески на 1 година условно за „Насилство во Центар“

– Поранешниот премиер во бегство Никола Груевски доби казна затвор од една и пол година, а екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески доби условна казна од една година за поттикнување на насилствата пред Општина […]

Вести

ДЗР: Дел од надоместоците кои ги земале СЈО не се во согласност со законската регулатива

– Државниот завод за ревизија констатирал дека во Специјалното јавно обвинителство износот на исплатените додатоци за 2015 година  го надминува износот на исплатените средства за основната плата по лице. Ревизијата, како што соопшти ДЗР, констатирала дека за […]