Американската амбасадорка во Тирана им порача на политичките лидери да се откажат од игри и да работат за Албанците


Американската амбасадорка во Тирана им порача на политичките лидери да се откажат од игри и да работат за Албанците - МИА

Тирана,29 јуни 2020() – Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким учествувајќи на презентацијата на индексот за деловни активности во 2019 година, посебно се задржа на борбата против корупцијата „ еден од критериумите што го спречува доаѓањето на американските инвестиции“.

Таа се фокусираше на политиката и ги повика политичките лидери „да се откажат од игри и да работат за Албанците“.

-Фактот дека политичката состојба се најде на врвот во списокот на загрижености покажува дека Албанците се уморени од политиката, тие сакаат решение и не сакаат да продолжи играта,за тоа кој е виновен, едниот го обвинува другиот. Сакаат да видат лидерите да работат заедно за доброто на народот. Сакаат владата да им понуди можност без страв и корупција, да заработат пари и да обезбедат добар животен стандард. Албанскиот народ сака резултати, а не навреди, сака визија а не поделби,рече Ким.

Таа додаде дека корупцијата го спречува и доаѓањето на американските инвестиции.

– Политичката клима, нелојална конкуренција и корупција влијаат на се. Трите приоритети што ги имам во Албанија се зајакнување на односите, поддршка на Албанија како демократска земја и зголемување на американските инвестиции во Албанија, а сите тие се засегнати од корупцијата, додава таа.

Амбасадорката, исто така,рече дека сака да знае кои се плановите на владата за создавање нови работни места, привлекување странски инвестиции и како ќе се создаваат подобри можност за младите во време кога ситуацијата стана уште потешка по пандемијата.

Американската трговска комора во врска со годишниот индекс во 2019 година заклучува дека бизнис климата е на најлоша точка во текот на осумте години на владата на Еди Рама и оти ваквото влошување е вистинска пречка за бизнисот и неговото соочување со последиците од пандемијата со Ковид-19.


Коронавирусот бил присутен во Италија во декември, открива студија за отпадни води - МИА
Вести

Сто триесет и шест новозаболени од Ковид-19, 123 оздравени, шест починати

Скопје, 12 јули 2020 () – Сто триесет и шест нови случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, оздравеле 123 заболени, а шест лица починале. Направени се 991 тестирања. Како што […]

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк - МИА
Вести

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

Скопје, 12 јули 2020 () – По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни […]

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии - МИА
Вести

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Скопје, 12 јули 2020 () – Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*