Амбасадорот на Велика Британија во Албанија, Аластер Кинг-Смит изјави дека е загрижен за тензиите на северот на Косово, додавајќи дека соработуваат за смирување на ситуацијата.
Смета дека мора да има решение и сугерира дека Владата на Косово треба да ги повлече специјалните полициски сили од општинските згради на север, да создаде можност градоначалниците да ги извршуваат своите функции од други локации, како и да распише нови избори и работи на Заедницата на српските општини.
– Владата на Косово во моментов има навистина важна улога. Треба да ги повлече специјалните полициски сили од општинските згради и да создаде можност претседателите на општините да ги извршуваат своите функции од други локации. Го поддржуваме и распишувањето на нови локални избори и соработката за формирање на ЗСО, како што е договорено меѓу владите. Така, заедно со нашите меѓународни партнери, Франција, Германија, Соединетите Американски Држави, Италија и други, работиме заедно на смирување на ситуацијата и изнаоѓање решение, изјавил Кинг-Смит.
За “Report TV”, додава дека регионот на Западен Балкан е многу важен, како и неговата стабилност.
-Се соочуваме со војна во Европа со руската инвазија на Украина и сега гледаме како се разгоруваат други тензии. Не смееме да дозволиме тоа да се случи. Овој регион е важен и неговата стабилност е важна, затоа ги повикуваме сите да најдат начин да ги надминат сите овие проблеми и да најдат решение кое навистина функционира, рекол британскиот дипломат.