Амбасадата на САД во Приштина ги повика сите партии да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд


Амбасадата на САД во Приштина ги повика сите партии да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд - МИА

Приштина, 29 мај 2020 () – Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Косово ги повика сите партии да ја почитуваат синоќешната одлука на Уставниот суд, со која му се даде право на претседателот на државата Хашим Тачи да му го додели мандатот на кандидатот за премиер на Демократскиот сојуз на Косово, како второрангирана партија на последните парламентарни избори, јави дописникот на од Приштина.

Во синоќешното соопштението на Амабсадата се бара од сите косовски лидери да работат заеднички „за редовна транзиција во интерес на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани на Косово“.

– Соединетите Американски Држави ги повикуваат сите институциии политички партии да ја спроведат денешната и сите други одлуки на Уставниот суд на Косово. Ние бараме од сите лидери да работат заедно за редовна транзиција во интерес на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани на Косово, се вели во соопштението на дипломатското претставништво на Вашингтон во Приштина. 


Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]

Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]