Албанската опозиција од 25 мај ќе потестира без прекин до 30 јуни



Обединетата албанска опозиција најави дека големиот национален протест закажан за 25 мај ќе биде „долготраен протест“.

Членот на Националниот совет на Демократската партија, Александер Биберај, гостувајќи во емисијата „Темпора“ на тиранската телевизија Ора њуз, уште додаде дека протестите ќе има низ целата територија на земјата.

-Протестот на 25 мај ќе биде најголемиот протест што некогаш го видела Албанија. Ќе има многу форми на протести. Ќе биде долготраен протест. Од 25-ти мај протести ќе има непрекинато до 30-ти јуни и ќе се прошират низ цела Албанија. Ќе протестираат сите целни групи, сите опозиционери. Премиерот нема друга алтернатива,рече Биберај.

На 30 јуни во земјата ќе бидат спроведени локални избори,кои опозицијата ги бојкотира и се закани дека изборниот ден ќе го блокира.

Биберај нагласи дека избори со една страна не може да има и оти е убеден дека дури и меѓународните претставници ќе го сменат своето мислење за ова прашање.

-Секој во светот знае дека не може да има избори само со една страна, бидејќи одиме во монизам. И денес, половина од локалните единици имаат речиси еден кандидат за градоначалник. Секому му е јасно. Ставот на меѓународните претставници често е многу коњуктурален став. Познато е дека тие работат со владата. Ние ги знаеме овие ставови затоа што работевме со меѓународниот фактор, но нивниот став ќе се смени. Опозицијата има право да протестира и да ја реализира својата цел преку протести,посочи Биберај.

Најавувајќи го шестиот „национален протест“ за 25 мај, лидерот на демократите,Љуљзим Баша,деновиве рече дека продолжуваат со соочувањето, без враќање, со слугите на владеjачката криминална хунта, со „големите протести против криминалната Влада и балканскиот Мадуро“,како што го нарекува актуелнот премиер Еди Рама.


Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Седница за избор на заменици министри – пратениците расправаат за образованието, Гоце Делчев, Ковид-19

– Собранието попладнево ја продолжи 13 седница, на чиј дневен ред е Предлогот за именување на заменици на министри во Владата. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски процедурално изрази револт од начинот на […]

Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Почна собранискара расправа за избор на заменици на министрите во Владата

– Справување со последиците од пандемијата, зачувување на работните места, создавање функционална економија и враќање на економскиот раст на 4 отсто, унапредување на животниот стандард на граѓаните и натамошен раст на платите, силни институции, неселективна правда […]

Вести

Нови 88 случаи на Ковид-19 од 1618 тестирања, петмина починати и 135 оздравени

-Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, […]