Албанија испрати тим здравствени работници во Бергамо


Триесет албански лекари и медицински техничари отпатуваа за Италија за да им помогнат на нивните колеги во Бергамо во борбата против коронавирусот, јави дописничката на МИА од Тирана.

„Испраќањето на здравствениот персонал се случува по вчерашниот разговор меѓу албанскиот премиер Еди Рама и италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо и го следи барањето на италијанските власти за солидарност и меѓународна помош, како што тоа веќе го покажаа Кина и Русија, наведува Топ чанел.

На меѓународниот аеродром во Тирана медицинската екипа ја испрати Рама кој меѓу другото изјави дека „не може да ја гледа Италија во неволја“, а зборуваше и за помош затоа што „ја сакаме Италија“.

– Ова е војна која никој не може да ја добие сам. Драги членови на оваа храбра мисија за живот, тргнувате во една војна која е и наша. Денес сите сме Италијанци и Италија ќе победи во војната и за нас и за цела Европа и светот. Бог да ве благослови сите, рече меѓу другото Рама на испраќањето.

Албанските здравствени работници на аеродоромот во Рим ќе ги пречека министерот Ди Мајо. Во Италија ќе останат еден месец, а ќе ги плаќа албанската Влада и тоа по 3.000 евра лекарите, а по 2.500 евра медицинските техничари.


Заев со поддршка за електронското гласање и овозможување 16 часа за гласање на иборниот ден - МИА
Вести

Партиите блиску до договор, да се искористи периодот на вонредна состојба за постигнување консензус

Скопје, 31 мај 2020 () – Претседателот Стево Пендаровски вчера, по седницата на Советот за безбедност, откри дека партиите биле блиску до договор за датум за избори, но последните два дена, поради ситуацијата со коронавирусот […]

Изјава на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски (во живо) - МИА
Вести

Почнува четвртата вонредна состојба во земјава

Скопје, 31 мај 2020 () – Зголемениот број заразени и починати лица од коронавирусот е главна причина за четвртата вонредна состојба во државава што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски. Оваа одлука, како што рече Пендаровски по […]

УЈП ќе ги презентира условите за ослободување од аконтации на данок на добивка и на личен доход - МИА
Вести

Граѓаните уште денеска имаат рок да ги потврдат или коригираат даночните пријави

Скопје, 31 мај 2020 () – Граѓаните уште денеска ќе можат да ги потврдат или да ги коригираат годишните даночни пријави. Ако тоа не го сторат, од 1 јуни Управата за јавни приходи ќе ги смета […]