Активни два шумски пожари во Грција


Активни два шумски пожари во Грција - МИА

Атина, 10 јули 2020 () – Два шумски пожари се активни во Грција, на две различно локации, а интервенираат речиси 80 пожарникари, јави дописничката на од Атина.

Во близина на местото Лутраки на Пелопонез, по копно и од воздух, во тек е гаснењето на шумскиот пожар, а според грчките медиуми, превентивно бил евакуиран камп со околу 40 деца.

Во справувањето со огнените јазици учествуваат 46 пожарникари со 17 возила, еден пешадиски тим, два авиони и два хеликоптери.

Вториот пожар е во западното атинско предградие Аспропиргос, а во гаснењето вклучени се 33 пожарникари со 13 возила и еден пешадиски тим.

Паралелно, под контрола е ставен пожарот што рано утрово изби во Вари, јужното предградие на Атина, а превентивно беа евакуирани  СОС детското село и Дом за стари лица.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*