Aкредитирани 340 грчки и странски претставници на медиумите за изборите во Грција

grcija_5675567656
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Околу 340 новинари, фоторепортери, телевизиски екипи, но и странски дописници, меѓу кои и од Северна Македонија се акредитирани за следење на парламентарните избори во Грција од специјалниот прес центар, јави дописничката на МИА од Атина.

Традиционално, како и за секој изборен процес во земјата, така и сега, прес центарот е во салата за конференции „Запио“ во центарот на Атина, опремен е со аудиовизуелна опрема, а претставниците на медиумите преку video wall ќе можат да ги следат грчките и европските телевизии, како и соопштувањето на резултатите.


Од Генералниот секретаријат за медиуми соопштија дека биле доставени околу 340 барања за акредитација на новинари, дописници, фоторепортери и телевизиски екипи.

Од нив, околу 150 се од странски медиуми од 20 земји.

-Станува збор за медиуми од Кипар, Германија, Франција, Шпанија, Италија, Обединетото Кралство, Белгија, Словенија, Норвешка, Бугарија, Албанија, С. Македонија, САД, Јапонија, Кина, Турција, Јужна Африка, Египет, Катар и Ирак, соопштија од Секретаријатот за медиуми на Грција.

Лидерите на политичките партии имаат можност по објавувањето на резултатите од изборите, на јавноста да ѝ се обратат или од нивните партиски штабови или токму од салата за конференции каде што е прес центарот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK