Абазовиќ: Црна Гора е идеална земја што може да го оживее процесот на проширување на ЕУ


Црна Гора е идеална земја што може да го оживее процесот на проширување на Европската Унија. Влезот на нашта земја во ЕУ не е интерес само за официјална Подгорица, туку и за Австрија, оцени премиерот Дритан Абазовиќ, јави РТЦГ.


 

Тој на прес-конференција со австрискиот канцелар Карл Нехамер во Виена, изјави дека Црна Гора ги поседува сите карактеристики, па затоа е идеална држава што може да го оживее процесот на проширување, според постигнатите резултати.

Тоа, според него, би било „позитивно влијание и врз останатите земји на Западен Балкан, и тие побрзо да зачекорат по европскиот пат“.

– Австрија останува еден од најважните надворешно – политички, стратешки партнери на Црна Гора, подвлече Абазовиќ.

Тој додаде дека австриските туристи се добредојдени во Црна Гора.