Приматели на плата

Услугата “Примател на плата” покрај обезбедување на пристап до паричните средства на трансакциската сметка, носи и низа други значајни бенефиции за секој клиент.

  • Mastercard Debit Contactless дебитна картичка која ја добива секој примател на плата во Халкбанк и која му овозможува да подигнува готовина од банкоматите на сите банки во земјата без провизија.
  • Дозволено пречекорување на трансакциската сметка во висина до три месечни плати.
  • Кредитни картички со најдобри услови. Купување на рати без камата на мрежата на трговци со кои Банката има склучено договор за рати без камата, и добивање на бонус поени за секоја трансакција направена на одредени продажни места и во одредени периоди, објавени од страна на Банката. 1 бонус поен вреди 1 денар, а собраните средства  може да се искористат на било кое продажно место каде постои ПОС терминал на Халкбанк.
  • Станбен кредит со најдобри услови.
  • Мој Депозит со повластени каматни стапки креиран за приматели на плата, пензија и дополнителни примања на трансакциска сметка во Халкбанк АД Скопје.
  • Полиси за неживотно осигурување издадени од Халк Осигурување АД Скопје кои можат да се купат во сите филијали на Халкбанк АД Скопје, или онлајн преку веб страната на банката.
  • Брзи процедури за подигнување на потрошувачки кредит со најдобри услови.
  • Електронско и мобилно банкарство кое му овозможува на клиентот добивање нотификации за примена плата како и за секој прилив и одлив и извршување на останати обврски online .

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за колачиња