Хирург од Шкотска отстранил голем тумор на мозокот низ веѓите на пациентот
Неврохирургот Анастасиос Џамуријадис од Абердин, Шкотска, развил нов метод за отстранување на тумор на мозокот со големина на јаболко преку веѓата на пациентот. Оваа техника овозможува отстранување на туморот со минимални лузни, а самата процедура трае до три часа, објави Sky News. Некои пациенти можат да ја напуштат болницата веќе 24 часа подоцна и брзо да се вратат на нивните …
Continue Reading
(Видео) Трипуновски: 100% посветено работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна во Македонија
„Првиот предизвик со кој што се соочивме беше во делот на земјоделството, исплатата на субвенциите кои што во минатото често кажувавме дека имаме нередовна исплата. И практично тоа се потврди со самото влегување во Министерството. Субвенциите се онаа поддршка која што на земјоделците им е неминовна за да го одржат своето производство и за да го планираат наредното производство“, истакна …
Continue Reading
Приведен крадец во Куманово: украл чанта
Ноќеска во 20.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Л.Ш.(25) од Куманово затоа што истиот ден на улица „Браќа Миладиновци“ во Куманово одзел чанта на Б.В.(79) од Куманово. Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, извести полицијата.
Continue Reading
Муцунски се обрати на настан по повод Денот на ОН: Проблемите со кои се соочуваме како држава и можните решенија ќе ги дефинираме сите ние заедно
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера по повод 24 октомври, Денот на Обединетите нации, учествуваше на настанот за одбележувањето на 79 години од основањето на Организацијата на обединетите нации, што се одржа во Градскиот парк во Скопје во организација на Канцеларијата на Резидентниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија. „Проблемите со кои се соочуваме …
Continue Reading
Ердоган: Извршителите на вооружениот напад во Анкара се инфилтрираа во Турција од Сирија
Извршителите на вооружениот напад во кој беа убиени пет лица во Анкара оваа недела се инфилтрирале во Турција од Сирија, изјави денеска претседателот Реџеп Таип Ердоган. Говорејќи пред турските новинари на враќање од Казан, Русија, каде што присуствуваше на самитот на БРИКС, Ердоган вети дека ќе го искорени тероризмот од неговиот извор во Сирија, пренесува Ројтерс. Тој додаде дека Турција …
Continue Reading
Јапонија сериозно загрижена за испраќањето севернокорејски војници во Русија
Јапонија денеска изрази сериозна загриженост поради објавеното испраќање севернокорејски војници во Русија за потенцијално учество во војната во Украина. Главниот секретар на кабинетот Јошимаса Хајаши, исто така, рече дека неодамнешното продлабочување на воената соработка меѓу Северна Кореја и Русија е загрижувачко, со оглед на неговото влијание врз безбедноста на регионот околу Јапонија. „Владата со сериозна загриженост го следи испраќањето на …
Continue Reading
Шолц за поканата на Украина за НАТО: „Нема да го сменам ставот, нема да дозволам да ме поколебаат“
Германскиот канцелар, Олаф Шолц, изјави дека во моментот нема можност Украина да биде поканета во НАТО бидејќи, како што наведе, според него, земја во воена состојба не може да стане членка на Алијансата и сите се согласуваат со тој став. Според Шолц, во моментов се разговара за безбедносните гаранции по завршувањето на тековната војна во Украина. Шолц истакна дека руското …
Continue Reading
(Видео) ДНК снимаа спот за „Чаршија“ во чаршија: гости се Мишел Трајковски и Бока Конга
Вчера на социјалните мрежи ДНК ја промовираа својата најнова песна со наслов „Чаршија“, песна на која гостуваат: познатиот хармоникаш Мишел Трајковски и Бока Конга. Станува збор за уште една песна која во стилот потсетува на претходните „Ако утре ме нема” и „Животе брате”. Во ова најново музичко остварување на ДНК свој допринес даде еден од нашите најдобри хармоникаши, Мишел Трајковски …
Continue Reading
„Уште еднаш бевме сведоци на невидено понижување, Македонија си ја прослави окупацијата“, велат од партијата на Георгиевски
„Вчера, 24 октомври, нашата држава повторно беше сведок на прославата овој пат на 112 годишнината од „Кумановската битка“ на Зебрњак. Бевме сведоци како нашата Македонија го прославува почетокот на најтрагичниот настан во нејзината историја, а тоа се Балканските поделби на Македонија“, вели ВМРО-НП. „Во присуство на потпретседателот на македонската Влада кој и официјално ја претставува државата, во присуство на македонското …
Continue Reading