Пронајдена граната во кичевската населба “Ивандол”

Вчера во 23.00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во кичевската населба „Иванидол“ била пронајдена граната. Од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување, гранатата денеска била безбедно подигната и предадена за натамошна постапка.

Continue Reading

Пронајден починат маж во Драчево

Вчера во 08.25 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 08.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, бил пронајден починат Д.С.(56) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Continue Reading

Пронајдена почината жена во основно училиште во скопската населба Илинден

Вчера во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во една просторија во основно училиште во нас.Илинден, скопско, била пронајдена почината С.М.(50) од Скопје, вработена во училиштето. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Continue Reading

ИСОС и МБА склучија партнерство за развој на сметководствената професија и правилна имплементација на меѓународните сметководствени стандарди

Јакнење на меѓусебната соработка преку искористување на целокупното расположиво знаење и искуство на двете организации, во насока на поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес и делување, се главните цели кои треба да се остварат со Меморандумот за соработка помеѓу Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и Македонската Банкарска Асоцијација (МБА), што го потпишаа претседателката на ИСОС, Весна …

Continue Reading

ДУИ: Истекувањето на рокот за уставните измени е критичен момент

Демократската унија за интеграција (ДУИ) повторно го потврдува своето непоколебливо залагање за европската интеграција на Северна Македонија. Времето дојде да се исполнат дадените ветувања на нашите граѓани, кои континуирано ја поддржуваат евро-атлантската патека на нашата земја. Последните настани, вклучително и претстојното отворање на преговорите на ЕУ со Албанија, јасно покажуваат дека просторот за одлучни чекори брзо се затвора, посочуваат од …

Continue Reading

(Видео) Скандал во Неготино – Навивач му удри бокс на голманот на Охрид

ГФК Охрид Лихнидос се огласи со соопштение по вчерашните случувања во Неготино. Охриѓани славеа против Вардар со 1:0, а веднаш по завршувањето на натпреварот беше нападнат голманот Андов. Охриѓани бараат итна реакција од Фудбалската федерација на Македонија. Инцидентот се случи кога фудбалерите одеа кон соблекувалните. Неслужено лице се најде на теренот и со тупаница го удри голманот на гостите, а …

Continue Reading

Николовски: Спроведуваме проекти што ќе ја олеснат работатата на превозниците

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски, денес присуствуваше на традиционална средба со превозниците во организација на Асоцијацијата Макам-Транс. Во своето обраќање пред присутните, Николовски ја поздрави добрата соработка со Макам – Транс и со останатите Стопански комори и асоцијации, што неодамна беше потврдена на состанокот за реактивирање на Советодавното тело во Царинската управа. Исто така, информираше за неколку тековни проекти …

Continue Reading

Меџити: Почнуваме акција за почист воздух, ова е предизвик со кој со години се соочува државата

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска, денеска одржаа прес-конференција на која го најавија стартувањето на заедничките активности за почист воздух, што во пресрет на грејната сезона ќе ги спроведуваат Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина. „Почнуваме со …

Continue Reading

28 септември неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија …

Continue Reading