Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ поради инает одбија да гласат за набавка на нови автобуси и за зголемување на бројот на пожарникари во градот

„ВМРО-ДПМНЕ денес повторно докажа дека навистина нема никаква намера да работи во корист на граѓаните на градот Скопје“, велат од Град Скопје. „Денес, советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје само поради инает одбија да гласат за набавка на нови автобуси, но и за зголемување на бројот на пожарникари во градот Скопје неопходни за безбедноста и заштитата на …

Continue Reading

Зеколи Шаќири: Патниот транспорт е важна алка во синџирот на економијата за целата држава, за следната година го зголемивме бројот на ЕКМТ дозволи

Заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири денеска присуствуваше на традиционалната средба со превозници организирана од страна на асоцијацијата МАКАМ – ТРАНС. Заменик министерката во својот говор пред траспортерите го истакнa огромното значење на патниот транспорт во развојот на економијата на државата. Таа, исто така додаде дека Министерството за транспорт оваа година воведе нов систем за распределба на ЦЕМТ дозволите. …

Continue Reading

Средба на претседателот Гаши со Рита Колумбија, новата постојана координаторка на ОН во земјава

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја прими денеска новата постојана координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија, со која разговаараа за имплементацијата на Целите за одржлив развој за земјава, под покровителство на светската организација, како и за Националната развојна стратегија. Од двете страни беше искажано задоволство од досегашната соработка меѓу Собранието на Северна Македонија и Канцеларијата на …

Continue Reading

Билатерални средби на директорот Јанев со неговите колеги од Италија, Канада и Црна Гора

Првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР, директорот Александар Јанев вчера во текот на последниот работен ден на Конвенцијата на шефовите на полиции што во организација на Европол и Унгарското претседателство на ЕУ се одржа во Хаг, Холандија, а во рамки на интензивните билатерални контакти и средби се сретна и со шефовите на полициите на државите Италија, Канада …

Continue Reading

Лекарската комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

Со цел да се подобри транспарентноста во работењето и безбедноста на пациентите, а со одлука на Извршниот одбор, Лекарската комора на нејзината интернет страница објави информација за доктори кои се носители на важечки лиценци за работа. Листата е јавно достапна и сите заинтересиран правни и физички лица може да проверат дали одредено лице е носител на лиценца за работа на доктор. …

Continue Reading

УНДП и Град Скопје претставија прототип на сувенир првпат изработен од биоотпад

Првиот прототип на сувенир изработен  од биоотпад, кој Програмата за развој на Обединетите нации го создаде од идеја до реализација во партнерство со Град Скопје, беше претставен денеска во седиштето на УНДП. Сувенирот е направен во градската биотехнолошка лабораторија во ССУ „Марија Кири-Склодовска“, која УНДП и УНИЦЕФ ја отворија во соработка со Град Скопје. „Преку создавањето на овој прототип на …

Continue Reading

Скопјанец со нож ја нападнал својата братучетка, кршел и ги нападнал соседите

Вчера во 18 часот во СВР Скопје, 20 – годишна жена од Скопје пријавила дека околу 09.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот братучед Б.А.(22) и се заканил со остар предмет, оштетил дел од покуќнината и се обидел да го нападне нејзиниот сопруг, а потоа во дворот физички ја нападнал неа, како и соседите Ѓ.И.(41), А.Д.(48) …

Continue Reading

Приведен скопјанец, со нож им се заканувал на полицајци во комплексот клиники

Во 02.50 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.Ѓ.(38) од Скопје затоа што со остар предмет се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Continue Reading

Ненад Бјелица се врати во Динамо Загреб

Ненад Бјелица (53) е нов тренер на Динамо. Бјелица е невработен од мај, откако минатата сезона беше отпуштен од Унион Берлин. Тој до вчера беше под договор со овој клуб. Германците го задржаа на платениот список за да не му плаќаат отпремнина, но сега таа пречка е решена. Бјелица одлично го водеше Динамо од 2018 до 2020 година и под …

Continue Reading