Кривична пријава за поранешен градоначалник оти правел улица која не била дел од годишната програма

Полицијата до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник Б.Ш. поради злоупотреба на службена положба и овластување, соопшти МВР. „Пријавениот, во својство на градоначалник на една општина, во периодот од 02.03.2021 година до 23.09.2021 година, ги пречекорил границите на своето службено постапување на начин што постапил спротивно на член III од Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување …

Continue Reading

Тешко повреден возач, со возило излетал од патот во Охрид

Вчера во 15.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на  ул.„Илинденска“ во Охрид, патничко возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(67) од с.Велгошти, охридско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Continue Reading

Загина пешак од Демир Хисар, малолетник го удрил со мотоцикл

Вчера во СВР Битола било пријавено дека во 20.15 часот на ул.„Битолска“ во Демир Хисар, мотоцикл со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од 15 – годишник од с.Журче, демирхисарско, удрил во пешакот П.Л.(73) од Демир Хисар. Од здобиените повреди на местото починал пешакот П.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил …

Continue Reading

Нетанјаху: Неточни се пишувања во медиумите дека околу пладне ќе има прекин на огнот во Либан

Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, неколку часа откако некои израелски медиуми објавија дека властите околу пладне очекуваат прекин на огнот во Либан, соопштија дека овие тврдења се неточни. „Станува збор за американско-француски предлог на кој премиерот не ни одговорил“, соопштија од кабинетот на премиерот. Се посочува дека не е точна и информацијата објавена од израелскиот Канал 12 …

Continue Reading

Мото ГП календар за 2025 година, 22 трки во 18 земји

Светската мото федерација и Дорна конечно објавија како треба да изгледа календарот на Мото ГП шампионатот за следната сезона. Иако претходните години се случуваше првите нацрти на календарот да бидат објавени на почетокот на летото, а конечната верзија да стигне во септември, тоа не е случај втора година по ред. Оваа година се случија неколку промени во текот на самото …

Continue Reading

Издадени осум прекршочни налози, Државниот пазарен инспекторат денеска ги контролира бурекџилниците, помалите маркети

Денес се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало. Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела Република Северна Македонија, информираат од Државниот пазарен инспекторат. „Во согласност со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки (Сл. Весник на РСМ бр. 196/24) извршени се над 60 надзори на цела територија …

Continue Reading

Се трага по маж од Белгија кој исчезна на Галичица, со себе носел планинарска опрема, а никој не го видел веќе една недела

Службите и граѓаните трагаат по 72-годишен маж на кој веќе една недела му се губи секаква трага. Станува збор за Марк Јорис, кој последен пат бил забележан на 18. септември во атарот на селото Лакајца, Струшко додека се движел по познатата патека High Scardus Trail. На „Фејсбук“ страната на Галичица е објавено дека според рутата, се очекувало да помине низ …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Манчестер јунајтед интензивно бара замена за Тен Хаг

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, полека ги троши сите кредити. Минатата сезона не успеа да избори место во Лигата на шампионите, неговиот тим лошо влезе во новата сезона во Премиер лигата, а не успеа да забележи победа ниту на стартоот на натпреварите во Лига Европа. Манчестер јунајтед, синоќа на домашен терен, одигра без победник (1:1) со Твенте. Англиските …

Continue Reading

Моника Белучи и Тим Бартон разменија нежности на филмскиот фестивал

Моника Белучи, една од најубавите жени на светот, се појави на филмскиот фестивал во Сан Себастијан во Шпанија со своето ново момче, познатиот режисер Тим Бартон. 59-годишната италијанска актерка и 66-годишниот режисер разменија нежности и се држеа за раце пред фотографите и публиката, а во еден момент таа го бакна во образ. Актерката се појави во црно боди од тантела …

Continue Reading