Дмитро Кулеба побара од сојузниците да ги одобрат украинските напади длабоко на руската територија
Откако руските сили денеска извршија ракетен напад врз Киев, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги повика денеска сојузниците на Украина да ги одобрат украинските напади длабоко на руска територија. „Во одбрана од оваа варварска воена машина, Украина е принудена да се бори со врзани раце. Зарем тоа не е апсурдно“, праша Кулеба на својот Х профил, пренесува Ројтерс. …
Continue Reading
Филипче: Нова инвестиција во училиштето Коле Неделковски после 66 години
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска присуствуваше на настан во ООУ „Коле Неделковски“ во Општина Центар, каде на почетокот на училишна година беа пуштени во употреба нови училници и кабинети. Ова е нова инвестиција во училиштето Коле Неделковски, после 66 години. -Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар издвоија 43 милиони денари за изградба на 4 нови училници, 2 кабинети, една …
Continue Reading
(Видео) „Бисера Антоанета летала со владин авион за Црна Гора, чекала 2 дена пред настан за да има оправдување да бара државен авион, наместо да оди со службено возило“, вели Лефков
„Бисера Антоанета одела од крајност во крајност. Од резервирање на авионски карти кои никогаш не ги искористила, а ги платила со народни пари, до немавремено планирање на патувања, за кои потоа морала да ангажира владин авион да ја носи. Како навлегуваме во материјалите и раскалашеноста на Бисера Антоанета сфаќаме зошто државата е ограбена и зошто СДС всушност се бореле по …
Continue Reading
Самостојни изложби на младите уметници Наџа Крачуновиќ и Серхат Емрулаи во МСУ
На 5 септември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе бидат отворени самостојни изложби на младите уметници, Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ, добитници на наградата „Најуспешен автор и дело“, која им беше доделена минатата година на 14. Меѓународно биенале на млади уметници – „Будења“. Куратори на изложбите се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски. Наградата …
Continue Reading
(Видео) Тошковски на терен со полициските службеници: За една седмица лишени од слобода 67 лица
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера, ги посети пунктовите на полициските службеници кои учествуваат во рамките на оперативната акција со зголемено присуство на полицијата за безбеден град Скопје, а го посети и мониторинг системот „Безбеден град“, во рамки на оперативната акција за бескомпромисна борба против сите видови криминал и нарушување на јавниот ред и мир, како во градот Скопје, …
Continue Reading
Две лица искасани од кучиња скитници: едното во Скопје, другото во Крива Паланка
Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Центар, А.П.(20) од Скопје пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била касната од куче скитник. И во Полициската станица Аеродром,синоќа во 20.00 часот, Н.Т.(37) од Крива Паланка пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Continue Reading
Сообраќајка меѓу „фиат“ и трактор во Кавадаречко: четири лица повредени
Вчера во 19.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Р1103, на делницата Кавадарци – Дреново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(41) од Кавадарци и трактор „имт“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од П.С.(32) од с.Возарци, кавадаречко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото …
Continue Reading
Мицкоски и Стефковски ги пречекаа првачињата во Автокоманда
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, пратениците Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски и Дијана Илиевска присуствуваа на пречекот на првачињата во ООУ Стив Наумов во Автокоманда. По завршување на пречекот на првачињата, градоначалникот Стефковски, премиерот Мицкоски и министерката Јаневска ги доделија бесплатните училишни униформи кои општина …
Continue Reading
Прегазена 60-годишна жена во Скопје
Синоќа во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Чакаларов“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(26), удрило во Е.С.(60) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Continue Reading