Еден убиен, двајца повредени во пукање на „Пластичарска“

Еден убиен и двајца ранети во пукањето кое синоќа околу полноќ се случи на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“, потврди МВР. Убиениот е 29-годишен скопјанец кој заедно со уште едно лице на 19-годишна возраст, исто така од Скопје биле хоспитализирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. По укажаната помош 29-годишникот кој бил примен во тешка состојба им подлегнал на повредите. …

Continue Reading

(Видео) Дончиќ и Ирвинг незапирливи, Далас на чекор до пласман во големото финалето

Далас Маверикс една победа ги дели од пласман во големото финале во НБА лигата. Третиот меч од финалето на Западот, прв на домашен терен, го доби со 116:107. Далас со серијата 14:3 дојде на победа од пласман во првото конференциско финале по пауза од 13 години. Ниту еден тим во досегашните 154 серии не испуштил предност од 3-0. Само четири …

Continue Reading

Повеќе од 600 лица исчезнаа по лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја

Очајните жители на северот на Папуа Нова Гвинеја копаат по камења и кал за да ги извлечат телата откако се верува дека лизгање на земјиштето затрупало најмалку 670 луѓе, јавува Би-би-си. Досега се пронајдени помалку од десет тела, а напорите се отежнати поради недостигот на опрема. Локалните медиуми објавија дека еден пар бил извлечен жив бидејќи нивниот дом не бил …

Continue Reading

Утревечер гостување на Хрватски гитарски квартет во Македонската филхармонија

Утревечер, во 20.30 часот, на големата сцена во Македонската филхармонија, во организација на платформата „За тебе“ за првпат ќе гостува „Хрватски гитарски квартет“ во состав: Зоран Дукиќ, Петрит Чеку, Марое Брчиќ и Твртко Сариќ. „Со големо задоволство го најавуваме нашиот прв настап во Скопје. Нашата програма е идеална комбинација на познати дела од класичната музика до понови композиции претежно од …

Continue Reading

Сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во западните делови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени. Во Скопје сончево …

Continue Reading

„Во сообраќајна несреќа при судир на камионите кои носат увозен јаглен на омилената фирма на белорускиот конзул загина човек“, вели Николоски

„Власта на СДС И ДУИ на заминување прави масовна пљачка на ЕЛЕМ И РЕК Битола! Целта е да се искраде што сѐ може на заминување!Тендери се штанцаат на дневна основа, нормално за омилената фирма на белорускиот конзул!“, напиша Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи. „Исто така дневно десетици камиони носат увозен јаглен! Тие камиони транзитираат низ Новаци кон …

Continue Reading

100 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. „На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 23 санкции, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум санкции за некористење на сигурносен …

Continue Reading

Несреќа на експресниот пат Штип – Кочани, сообраќајот во прекин

Утрово од 7 часот и 40 минути сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин поради случена сообраќајна незгода, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Continue Reading

Без струја делови од општините Ѓорче Петров и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров и Карпош. Од 09:00 до 11:00 часот, струја ќе немаат корисниците од дел од улицата Крсто Раковски во општина Ѓорче Петров. Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците …

Continue Reading