Законот вели дека не може да има два опозициски субјекти во состав на Владата: Џафери го образложи предлогот за разрешување на министрите Алиу и Меџити

Премиерот Џафери на собраниска седница се обрати пред пратениците и го образложи предлогот министерот Азиру Алиу да биде разрешен од функцијата министер за информатичко општество и администрација и министерот Фатмир Меџити да биде разрешен од функцијата министер за здравство. „Законот вели дека не може да има два опозициски субјекти во состав на Владата, тоа е основната причина зошто се предлага …

Continue Reading

ЕИБ Глобално инвестира рекордни 1,2 милијарди евра во Западен Балкан во 2023 година

ЕИБ Глобално инвестираше 1,2 милијарди евра во Западен Балкан во 2023година, со цел да мобилизира над 6 милијарди евра нови инвестиции во регионот. Ова ќе ги забрза поврзувањето, енергетската транзиција и растот на малите и средните претпријатија, во согласност со приоритетите на ЕУ. Од 2010 година, ЕИБ инвестираше над 10 милијарди евра во регионот за да им помогне на локалните економии да …

Continue Reading

Израелските сили упаднаа во болница во Кан Јунис

Израелските сили упаднаа во болница во Кан Јунис, најголемиот град во јужниот дел на Појасот Газа, кој го опколуваат со недели, соопшти палестинската Црвена полумесечина. Се вели дека „окупациските сили упаднале во болницата Ал-Амал и почнале да ја пребаруваат“ и дека Црвената полумесечина има потешкотии да комуницира со своите тимови во болницата. Израелската армија не одговори веднаш на прашањето на …

Continue Reading

Милошоски: Во оваа кавга на Артан со Таравари, и во ова танго на Талат со Зијадин Села за жал Ковачевски и СДСМ се само неми статисти

„Јас најпрво би сакал да изразам едно изненадување што техничкиот премиер Талат Џафери почнал да следи социјални мрежи. Речиси и да немаше интервју во кое што тој не потенцираше дека тој не е фејсбук политичар, тој не е твитер политичар, нема фејсбук, нема твитер, не следи социјални мрежи итн. Сега гледаме одеднаш забележал како двајца министри во неговата Влада објавиле …

Continue Reading

Ротари гувернерот Божиќ на средба кај претседателот Пендаровски

Гувернерот на Ротари дистриктот Д-1912 Северна Македонија и Словенија, Андреј Божиќ оствари средба со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. На едночасовната средба, гувернерот Божиќ ги презентира хуманитарните акции што Ротари клубовите ги реализираат во двете држави во насока на поддршка на заедницата. На состанокот со Претседателот беше присутен и Горан Митевски, асистент на Гувернерот, односно координатор на Сојузот …

Continue Reading

Азески на консултации кај компаниите за платформата за разговори со политичките партии

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска беше во посета на фабриката ПИ „Свислион“ ДОО Скопје. Оваа посета беше дел од неговиот ангажман за консултации со компаниите за платформата за разговори со политичките партии пред изборниот процес. Во разговорот со генералниот директор на компанијата Александар Јањиќ, Азески ја истакна важноста на усвојување на платформа за дијалог со …

Continue Reading

MY:TIME: Овој Валентајн ја славиме различноста со стил

MY:TIME, реномираната компанија во светот на часовниците и накитот, со радост ја претставува својата ексклузивна кампања за вљубените која не само што ја опфаќа сезоната на љубовта, туку и ја слави убавината на различностите преку неверојатна низа на форми, бои и големини. Под слоганот „WATCHES AND JEWELRY FOR EVERYONE” („ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ ЗА СЕКОГО“), оваа кампања е доказ за заложувањето …

Continue Reading

Трипуновски: Граѓаните на Македонија пијат увозно млеко бидејќи власта го уништи сточарството со лошите земјоделски политики

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е на теренски посети во велешкиот регион каде што ќе оствари повеќе средби со земјоделците од овој крај. Една информација која што ја отсликува реалната ситуација во која што се наоѓа сточарството во Република Македонија е фактот дека Македонија е се повеќе увозно зависна од млеко. Само за споредба ако …

Continue Reading

Новоизбраната судијка Ана Павловска-Данева почна со извршување на работните обврски во Уставниот суд

Со изборот на д-р Ана Павловска-Данева на позицијата уставен судија, Уставниот суд почна да функционира во полн состав со вкупно девет судии. „Судијата Павловска-Данева денеска ги презеде своите работни обврски како уставен судија и покрај средбата со претседателката на Судот, Добрила Кацарска, ги запозна судиите и вработените во службата, по што активно се вклучи во тековните ангажмани и активности во …

Continue Reading