(Во живо) Прво обраќање на Вучиќ за немирите во Косово
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, се обраќа за немирите што од синоќа се случуваат на северот на Косово, кај селото Бањска. Според досегашните информации на властите во Приштина, вооружена група пукала кон косовски полицајци, пришто еден загина, а други двајца беа повредени. Во престрелките што траеа во текот на целиот ден, според информациите на косовската полиција, застрелани беа три лица од …
Continue Reading
(Видео) Њукасл го „масакрираше“ Шефилд јунајтед со осум „парчиња“
И пред стартот на сезоната, Шефилд јунајтед беа меѓу првите кандидати за експресно враќање во Чемпионшип, но ниту нивните најлути ривали не очекуваа „блејдс“ да доживеат вистински потоп против Њукасл јунајтед, губејќи со 0:8 на „Брамал лејн“. Гостите победата ја осигураа во период од 15 минути во првото полувреме со головите на Шон Лонгстаф (22.), Ден Брн (31.) и Свен …
Continue Reading
МНР: Седум македонски државјани меѓу кои и дете се во близина на манастирот
Министерството за надворешни работи објави дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи, добиена е информација за седум македонски државјани од кои едното од нив дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот каде е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили. Од МНР велат дека македонската амбасада во Приштина е во …
Continue Reading
Борел разговараше со Курти и Вучиќ
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска разговараше со премиерот на Косово, Албин Курти, по повод престрелките во Косово што Приштина ги опиша како терористички напад и го обвини Белград, а загина еден косовски полицаец. Борел најостро ги осуди денешните постапки, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи. …
Continue Reading
Рашко-призренска епархија: Во манастирот мирно, но има неизвесност и загриженост кај монасите и верниците
Од Рашко-призренската епархија соопштуваат дека состојбата во Бањскиот манастир во моментов е мирна, иако се уште се чувствува страв поради денешните случувања и во околината и во самата манастирска капија. Вооружените лица кои претходно денеска ја пробија капијата го напуштија манастирот. Во моментов е забележано присуство на косовската полиција пред влезната капија и во дворот на манастирот, се наведува на …
Continue Reading
Мистерија во автобус што се враќал во БиХ: Седум патници се онесвестиле, не се знаат причините
Туристички автобус кој се враќал од Барселона за Босна и Херцеговина во саботата околу 20 часот застанал на автопатот во Франција, во близина на Кан и Ница, бидејќи неколку патници се онесвестиле. Возачот го паркирал автобусот со 62 патници и повикал помош. Француските власти веднаш испратиле спасувачки екипи на местото на настанот, меѓу кои седум амбулантни возила и пожарникари. Сега …
Continue Reading
Два гола и една асистенција за Миовски во шкотската Премиерлига
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува да „тресе“ за Абердин во шкотската Премиерлига, откако го предводеше својот тим до 4:0 победа над Рос каунти со два гола и една асистенција за само 54 минути на теренот. Миовски го отвори резултатот во 21. минута, во 48. минута му асистираше на Мекгрет за 3:0, за во 54. минута да го постигне и својот …
Continue Reading
Претставници на Ерменија и Азербејџан ќе се сретнат во Брисел
Секретарот на Советот за безбедност на Ерменија, Армен Григорјан, и помошникот на азербејџанскиот претседател Хикмет Хаџиев ќе се сретнат на 26 септември во Брисел за да ги подготват разговорите меѓу лидерите на двете земји. Лидерските разговори се очекува да се одржат во Гранада, Шпанија на 5 октомври, соопшти денеска прес-службата на Советот за безбедност на Ерменија. Во соопштението за печатот …
Continue Reading
Прва лига: Шкендија на врвот, Струга ТЛ подобра од Работнички, Гостивар го победи Вардар
Шкендија ја победи Македонија ЃП со 1:0 и сега е осамена на врвот на табелата во Првата фудбалска лига. Ералдо Чинари беше стрелец на победничкиот гол во 59.минута од дуелот. Брера и Силекс ремизираа во Струмица, 1:1. Марко Ѓорѓиевски се погрижи за 0:1, а Анѓелески во 58.минута не реализира пенал за гостите. Брера успеа да израмни и да освои бод …
Continue Reading