Во Делчево се подготвува првото издание на фестивалот на патриотски и родољубиви рефрени ,,Македонија 2023“

Здружението на граѓани за негување на македонската култура и уметност ,,Македон” од Делчево го подготвува првото издание на фестивалот на патриотски и родољубиви рефрени „Македонија 2023″. Настанот како што информира претседателот на здружението Славчо Десподов ќе се одржи на 2 август 2023 година, на големиот празник Илинден. -По повод многубројните историски јубилеи од славната македонска историја одлучивме да го востановиме …

Continue Reading

Повреден пожарникар при гаснење на пожар во светниколското село Ерџелија

Повреден е пожарникар од Територијалната Противпожарна единица во Свети Николе, информира портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова преку писмено соопштение. Во него се вели дека пожарникарот е повреден вчера при интервенција на пожар во селото Ерџелија. Настанот  во Полициската станица Свети Николе бил пријавен  вчера  околу 11.45 часот. – При гаснење на пожар во штала во село Ерџелија, светиниколско, со повреди …

Continue Reading

Реконструирани игралиштата во пробиштипското училиште „Никола Карев“

Завршена е реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал и кошаркарското игралиште при Општинското основно училиште (ООУ) „Никола Карев“, информираше денеска градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов. На двете игралишта е поставена  нова тартан подлога, а деновиве ќе се постават нови голови и табли за кошеви, како и осветлување за да можат игралиштата да бидат функционални и во вечерните часови за …

Continue Reading

Маричиќ: Подготвени сме како Влада да и помогнеме на оценската мисија за подобрување на работата на Судскиот совет

Законската рамка ние веќе ја имаме направено и изработено согласно препораките на ЕУ и на Советот на Европа, но очигледни се слабостите кои што треба да се надминат. Затоа, подготвени сме како Влада да ставиме на располагање секаква информација или помош на оценската мисија за да дојдеме до најдобри решенија за подобрување на работата на Судскиот совет, изјави по денешниот …

Continue Reading

Промовирана мапа со над сто објекти од недвижното културно наследство на Битола од Османлискиот период

Македонската јавност денеска прв пат се информира за недвижното културно наследство на Битола од Османлискиот период кое располага со над 100 мекогашни и сегашни објекти во градот. Проектот го презентираше тим предводен од Виктор Трајановски, доцент на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ на УКИМ-Скопје. -Проектот е креиран преку Центар за етнолошки истражувања и примената антрополгија-ЦЕИПА од Скопје. Изработивме …

Continue Reading

Судството во Хонг Конг одби да ја забрани песната на продемократските демонстранти

Судија во Хонг Конг денеска го отфрли барањето на локалната власт за забрана на продемократската песна „Слава на Хонг Конг“ (Glory to Hong Kong), која беше создадена за време на големите протести во 2019 година на територијата на градот. „Не сум убеден дека е праведно и правилно да се одобри таа забрана. Предлогот е одбиен“, рече судијата Ентони Чан во …

Continue Reading

Солиден настап на пливачот Тодоров на Европскиот младински олимписки фестивал

Македонскиот пливач Стефан Тодоров имаше солиден настап на Европскиот младински олимписки фестивал во Марибор. На кој се појави во две трки. Во дисциплината 50 метри слободно заврши прв во својата група, испливувајќи 24.57 секунди и се пласираше на 25 место во конкуренција на 42 пливачи. Во дисциплината 100 метри слободно во својата група заврши како втор и исплива резултат 54.50 …

Continue Reading

МВР: Во Арачиново приведен криумчар на мигранти за издржување казна затвор од четири и пол години

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска  во 11.40 часот во с.Арачиново, скопско, го лишиле од слобода А.А.(27) од село Арачиново. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години и шест месеци за сторено кривично дело по член 418 – б од Кривичниот …

Continue Reading

Шукова: Прашање на време е кога ќе почне да се имплементира проектот за изградба на Пречистителна станица во Скопје

Проектот за изградба на Пречистителна станица во Скопје не е замрзнат и мислам дека час поскоро ќе почне со реализација, рече денеска министерската за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. -Проектот не е замрзнат и паралелно се одвиваат неколку активности за да може да се ефектуира и да започне со реална имплементација, рече Шукова во одговор на прашање на …

Continue Reading