Во тек е потрага по двајцата пилоти од урнатиот Канадер на грчкиот остров Евија

Со два хеликоптери на грчкото воено воздухопловство во тек е акција за пребарување и спасување на двајцата пилоти, кои биле во Канадерот што кусо пред 15 часот по локално време се урна на грчкиот остров Евија додека учествуваше во гаснењето на пожарот во близина на Каристос,  јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за авион што припаѓа на военото …

Continue Reading

Во Србија просечна плата во мај изнесувала 734 евра, но половина вработени работеле за помалку од 564 евра

Просечната (бруто) плата во Србија пресметана за мај годинава изнесува 118.992 динари, додека просечната (нето) плата без даноци и придонеси изнесува 86.220 динари (734 евра), соопштија од Републичкиот завод за статистика на Србија (РЗС), јави дописникот на МИА од Белград. Просечната нето заработка изнесува 66.244 динари (564 евра), што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до тој износ. …

Continue Reading

Меџити: Спасивме четири животи и испишавме историја во македонското здравство

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ја посети Клиниката за државна кардиохирургија каде е хоспитализиран пациентот кој пред пет дена доби нова шанса за живот по извршената трансплантација на срце. -Четириесетгодишниот пациент од Скопје, во чии гради сега чука ново срце благодарение на хуманоста на едно семејство, во моментот е во стабилна здравствена состојба. Министерот Меџити изрази голема благодарност до …

Continue Reading

Сунак и Зеленски повторија колку е важно Украина да извезува жито

Британскиот премиер Риши Сунак и украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно изјавија колку е важно Украина да може да извезува жито на меѓународните пазари, јавија светските агенции, повикувајќи се на канцеларијата на Сунак, од каде беше дадена изјава по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери. „Премиерот рече дека Британија тесно соработува со Турција за обновување на договорот за жито и ќе продолжиме …

Continue Reading

Билали Зендели: Целта на уставните измени е обезбедување на подобра иднина за граѓаните

Целта на уставните измени е обезбедување на подобра иднина, оцени пратеничката Арта Билали Зендели од ДУИ на денешната расправа на Комисијата за уставни прашања. -Потребата за уставните измени неслучајно е главна тема на политичкиот и општествениот живот. Оваа тема стана почетна тема на секоја политичка, економска или културна дебата, бидејќи влијае на сите области и врз секој човек без разлика …

Continue Reading

ЛДП: Уставните измени се зелена карта за нашата европска иднина и не го загрозуваат идентитетот

Скопје, 25 јули 2023  Уставните измени кои влегоа во собраниска процедура, не ги загрозуваат нашите идентитетски прашања, тие само ќе бидат зелена карта за нашата европска иднина. Да се обединиме, да ги поддржиме уставните измени за доброто на сите, за системски реформи во државата, порачуваат од Либерално-демократската партија. -Додавањето на бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ …

Continue Reading

Колапси и сообраќајки најчести интервенции на кумановската Итна помош

Колапси, сообраќајки, зголемен е бројот на интервенции на кумановската Итна помош. Лекарите велат дека топлотниот бран за триесет проценти го зголеми бројот на интервенции, не вклучувајќи ги редовните за хронично болните лица. Доктор Бленд Алиу информираше дека речиси секојдневно по неколку пати во денот интервенираат на колапси. -Поради високата температура до 40 степени често се случува да интервенираме на колабирање. …

Continue Reading

Се асфалтираат три улици во селото Градашорци, Општина Василево

Во селото Градашорци, во Општина Василево, се асфалтираат три улици на различни локации и се врши реконструкција пред еден од мостоците. Како што информираа од Општината, се поставува асфалт на вкупно 912 метри квадратни со должина од 116, 95 и 30 метри и ширина од 3,5 метри. Според информацијата од Општина Василево, градежните работи почнале пред десетина денови и сега …

Continue Reading

Се урна Канадер на грчкиот остров Евија

Авион од типот Канадер се урна на грчкиот остров Евија додека учествуваше во гаснењето на пожарот во близина на Каристос,  јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално станува збор за грчки авион, со оглед на тоа дека во Грција пристигнаа и странски авиони за да помогнат во гаснењето на пожарот. Во канадерите најчесто има две лица, пилот и копилот, а …

Continue Reading