Прелиминарна истрага на Обвинителството за пожарите на Родос

Обвинителството Родос ќе спроведе прелиминарна истрага за пожарите што се веќе осми ден активни на островот, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според весникот „Димократики“ од Родос, ќе треба да се истражи дали се работи за организиран план за подметнување пожар или за предизвикување шумски пожар од небрежност, на пример, поради неконтролирано фрлање или палење смет или …

Continue Reading

Чин разрешен од функцијата министер за надворешни работи

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг денеска е разрешен од функцијата, објавија државните медиуми. Тој е сменет откако еден месец не се појавуваше во јавноста. Чин (57), според кинеското Министерство за надворешни работи не доаѓал на работа поради неодредени здравствени причини. На местото на Чин е именуван Ванг Ји.

Continue Reading

Судски Совет избра 25 нови судии во пет основни судови и во Основен кривичен суд Скопје

Судскиот совет денеска избра 25 нови судии за повеќе основни судови, како и за Основен кривичен суд – Скопје. По првиот оглас од Службен весник бр.73/23 беа избрани тројца судии во Основниот суд Битола, еден во Основниот суд Свети Николе, еден во Основниот суд Струмица и двајца во Основниот суд Тетово, додека, по огласот објавен во Службен весник бр.112/23 беше …

Continue Reading

Џон Малкович со „Пеколна комедија“: Исповеди на сериски убиец“ утревечер на „Охридско лето“

Уникатно и совршено сценско доживување. Така на денешната прес-конференција беше најавена утрешната претстава „Пеколна комедија“: Исповеди на сериски убиец“ која во Охрид, на Охридско лето и првпат во Македонија како актер го носи светски познатиот холивудски глумец, режисер и продуцент Џон Малкович. Поврзувајќи ги класичната музика и глумата во еден голем сценско-музички проект, славниот актер утре ќе настапи во придружба …

Continue Reading

ЕУ и додели на Украина 1,5 милијарди евра помош за обнова на инфраструктурата

ЕУ ѝ додели на Украина помош од 1,5 милијарди евра, што треба „да и помогне на државата да продолжи да функционира и да ја обнови инфраструктурата“, јави ДПА, повикувајќи се на изјава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објавена на Твитер. Средствата се дел од програмата за европска финансиска помош за Киев во вредност од 18 милијарди …

Continue Reading

Спасовски: Сега е моментот да го направиме вистинскиот исчекор во делот за членството во ЕУ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за порталот Журнал потенцира дека е исклучително важно граѓаните да се запознаваат, но и да ги чувствуваме придобивки што ги имаме од членството во НАТО. Имавме многу проекти низ кои што државата работеше да се доближи до граѓаните самото членство во НАТО, вели Спасовски и потсетува дека бевме сведоци на многу кампањи …

Continue Reading

Во Кина осуден функционер поради примање на мито

Кинескиот суд осуди поранешен секретар на Комунистичката партија во источниот град Хангжу на доживотен затвор за примање мито од 182 милиони јуани (22,77 милиони евра). Пресудата за Џоу Џиангјонг, поранешен партиски шеф на градот јужно од Шангај, дом на технолошките гиганти како Алибаба и Ант Груп, денеска беше јавно одржана пред судот во провинцијата Анхуи. Џоу беше прогласен за виновен …

Continue Reading

Нови превентивни евакуации на грчките острови Крф и Родос

Пожарите на Крф и Родос повторно се разгореа, огнената стихија се доближи до населени места и затоа, превентивно се евакуирани две села, по едно на двата острови, јави дописничката на МИА од Атина. Преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација на селото Луцес во североисточниот дел на Крф, како и до сите оние кои се наоѓаат …

Continue Reading

Комисијата за уставни прашања ја изгласа потребата за пристапување кон измена на Уставот

На Комисијата за уставни прашања денеска беа изгласани два заклучоци и тоа за пристапување кон измена на Уставот и за подготвување на нацрт- амандманите за измена на Уставот, доколку биде прифатена потребата за негова измена на седницата на 18 август. Двата заклучоци беа донесени со десет гласа „за“ и со седум гласови „против“. -Под еден, Комисијата го поддржува предлогот за …

Continue Reading