Џафери: Сребреница може да се случи повторно, доколку не се заложиме да градиме демократски општества, каде владеењето на правото е норма и правило

Денес, многу повеќе ќе сакав да бевме собрани за да го прославиме животот како благослов со сета своја убавина. Сепак, исклучително е важно да се потсетиме на сета горчина и болка од геноцидот во Сребреница. Да се потсетиме дека тоа може да се случи повторно, доколку не се заложиме да градиме вистински релаксирани, демократски општества, каде владеењето на правото и …

Continue Reading

Евростат: Албанија петта во Европа по процентот на пад на населението од 1990 година

Албанија е рангирана меѓу земјите кои изгубиле најмногу население по 1990 година кога започнаа брзите политички, економски и демографски промени, јави албанската агенција Балканвеб. – На Денот на населението, Евростат објави податоци за движењето на населението во европските земји. Во 2023 година, во споредба со 1990 година, населението во Албанија е намалено за 15,1 отсто, односно на 2.761.785 жители, од …

Continue Reading

Столтенберг: На самитот во Вилнус ќе донесеме многу важни одлуки за посилна Алијанса

Отворајќи го Самитот на НАТО во Вилнус, генералниот секретар Јенс Столтенберг денеска изјави дека сојузниците во двата дена ќе донесат многу одлуки за Алијансата да ја направат уште посилна. -Ќе донесеме одлуки за зголемување на практичната и политичка поддршка за Украина. Тоа ќе ја приближи Украина до НАТО, каде што и припаѓа“, рече Столтенберг во својот воведен говор, додавајќи дека …

Continue Reading

Рамадани на Јавниот форум на НАТО во Вилнус

Претседателот на Евро-атлантскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани ќе учествува на Јавниот форум на НАТО 2023 во Вилнус, Литванија, што НАТО го организира во соработка со Центарот за студии за Источна Европа, Германскиот Маршалов фонд на САД, Минхенската безбедносна конференција и Атлантскиот совет. Форумот, како што информираат од Евро-атлантскиот совет, е дводневна експертска конференција која има за цел да промовира …

Continue Reading

Зеленски слета во Вилнус

Украинскиот претседател Володимир Зеленски слета во Вилнус, каде што лидерите на земјите-членки на НАТО треба да разговараат за можното членство на Украина во Алијансата. Украинскиот претседател на Твитер напиша дека не гледа „подготвеност ниту за повик на Украина во НАТО, ниту да се направи членка“. На самитот присуствуваат и други украински функционери, меѓу кои и министерот за одбрана на земјата …

Continue Reading

Спасовски: Геноцидот во Сребреница претставува пораз на високите цивилизациски вредности

„Никогаш да не се повтори!“, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил потсетувајќи дека денеска одбележуваме 28 години од едно од најголемите злосторства против човештвото, против слободниот демократски свет – геноцидот над цивилно население во Сребреница, Босна и Херцеговина, во кој беа убиени над 8.000 луѓе. – Како држава сме ориентирани кон европските идеали на соживот, …

Continue Reading

Министерство за правда: Судскиот совет пет месеци не презема мерки за утврдување на одговорност на вд претседателот на Основниот суд Куманово

И покрај укажувањата и писмените дописи за констатирани неправилности во работата на Основниот суд Куманово, Судскиот совет одолговлекува и не постапува по Извештајот кој е изготвен од нивна страна и јавно објавен на веб-страницата на Советот, информираат од Министерството за правда. Според министерството, Судскиот совет бил во работна посета на Основниот суд Куманово на 1 февруари годинава и подготвил извештај …

Continue Reading

Воздушна тревога во Киев по почетокот на НАТО самитот во Вилнус

Во Киев денеска се огласија сирените за воздушен напад веднаш по почетокот на самитот на НАТО во Вилнус. Како што пренесуваат британските медиуми, тревогата е огласена откако е откриено полетување на руските воени авиони опремени со хиперсонични ракети од типот Кинжал. Градските власти во Киев испратија предупредување на сите мобилни телефони во 15 часот по локално време, повикувајќи ги жителите …

Continue Reading

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје со засилени активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад во Градот Скопје

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во втората и во третата смена спроведувале засилени активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад во сите скопски општини. Од јавното комунално претпријатите информираат дека континуирано се расчистуваа и повеќе обемни диви депонии лоцирани на улиците „Џон Кенеди“, „Благоја Паровиќ“ и „Методија Митевски“ во Општина Чаир, како и на …

Continue Reading