ПСЖ потпиша со Јужнокореец, Ли

– Јужнокорејскиот фудбалер Ли Канг-ин е нов фудбалер на ПСЖ, објави францускиот првак. Ли е првиот јужнокорејски фудбалер кој потпиша договор со ПСЖ, а во клубот од Париз доаѓа од редовите на шпанска Мајорка. Претходно настапуваше за Валенсија. Финансиските детали околу трансферот не се соопштени. За репрезентацијата на Јужна Кореја, 22-годишниот офанзивен играч за врска досега одигра 14 натпревари, од …

Continue Reading

Германската Влада бара поранешен министер за плати поради неуспешен план за воведување патарина

– Германската Влада бара начин како поранешниот министер за транспорт Андреас Шојер да плати барем дел од оштетата во висина од 243 милиони евра, што мора да се исплати на приватна компанија поради неуспешниот план за воведување патарина на автопат. Шојер, кој беше министер од 2018 до 2021 година, инсистираше на плаќање и покрај предупредувањата од експертите дека е неправедно …

Continue Reading

Општина Центар утре почнува со чистење на ѓубре во и надвор од контејнерите

 – Општина Центар соопшти дека од утре почнува со чистење ѓубре во и надвор од контејнерите. Како што најави градоначалникот Горан Герасимовски, со работа утре наутро почнуваат речиси сите хигиеничари од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“ и дел од општинската администрација. На терен ќе биде употребена целата механизација во сопственост на претпријатието како и дополнителна опрема за собирање смет. -Ги …

Continue Reading

ЕУ и Нов Зеланд потпишаа договор за слободна трговија

– Европска Унија и Нов Зеланд потпишаа договор за слободна трговија што, според Брисел, треба да резултира со зголемување на трговската размена за 30 отсто во следните десет години. Претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави „амбициозниот“ и „урамнотежен“ документ. – За нас Нов Зеланд е клучен партнер во Индо-пацифичкиот регион и овој договор уште повеќе ќе …

Continue Reading

Трет пораз на македонските ракометарки Европското јуниорско првенство

 – Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација го претрпе третиот пораз на ЕХФ Европското првенство, откако попладнево во романскиот град Миовени загуби од Чешка со 29-24 во рамки на третото коло во групата Д. Чешките ракометарки во 20. минута имаа предност од четири голови разлика (11-7), кога македонскиот состав влезе во серија од 6-1 и замина на полувреме со водство од …

Continue Reading

Градоначалниците од Скопскиот плански регион утре ќе расправаат за хигиената во главниот град

– Состојбата со хигиената во главниот град Скопје е единствена точка на дневниот ред на утрешниот состанок на градоначалниците од Скопскиот плански регион. Состанокот ќе се одржи поради тоа што не се собира сметот од Скопје поради протест на вработените во Комунална хигиена. Како што се најавува, по состанокот, кој ќе се одржи во просториите на Општина Аеродром, градоначалниците ќе …

Continue Reading

Во Албанија се удавија татко и двата негови сина

– Трагедија денеска се случи на албанското крајбрежје, во која семејство од Тирана, остана без тројца свои членови, кои се удавија кај познатата плажа Виле-Боштово, кај Каваја. Лицето идентификувано како Елвис Халилај на 50-годишна возраст и неговите двајца малолетни синови на 13 и 15 години се удавиле додека пливале во морето. Поморските служби веднаш интервенирале за да ги спасат, но …

Continue Reading

Експерти: Косово може да загуби 500 милиони евра од санкциите од ЕУ, штети и по правниот систем

– Околу 500 милиони евра се претпоставува дека ќе загуби Косово од мерките кои ги презеде меѓународната заедница, поради одбивањето на Владата на Албин Курти да ги исполни барањата на меѓународните партнери за смирување на состојбите во северно Косово, пишува денеска приштинскиот портал „Економиа онлајн“. Предвидувањата на експертите се дека покрај штетите на економијата, и правниот систем ќе претрпи големи …

Continue Reading

Ивановски ја мина првата квалификациска пречка на фјучерсот во романски Јаши

 – Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски триумфираше попладнево во дуелот од првото коло од квалификациите на Челинџер 100 турнирот што се игра во романскиот град Јаши. Тој беше подобар од Брендон Волкин од Австралија (791. место АТП) со 2-0 во сетови (6-2, 6-2). Утре во финалното квалификациско коло Ивановски ќе игра со победникот од мечот меѓу Романецот Дан Александру Томеску …

Continue Reading