Владата на Косово прогласи за терористички две организации на косовките Срби

Владата на Косово донесе одлука да ги прогласи за терористички организациите „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“, нелегални формации на косовските Срби, кои дејствуваат на северот на земјата кој е населен со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина. Премиерот Албин Курти на денешната седница рече дека тие организации претставуваат „сериозна и директна закана за безбедноста и уставниот поредок …

Continue Reading

Презентирани предлози за унапредување на бизнис климата

Новиот состав на Управниот одбор на Советот на странски инвеститори оствари работна средбa со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, на која дискутираа за актуелните економски состојби и предложија решенија за подобрување на условите за водење бизнис во државата. Вицепремиерот Битиќи истакна дека секогаш со внимание ги слуша забелешките на …

Continue Reading

Се враќа Каролин Вознијацки

Данската тенисерка Каролин Вознијацки најави денеска враќање на терените, откако официјално се повлече од тенисот во јануари 2020 година. „Во текот на изминатите три години надвор од тенисот морав да го надоместам загубеното време со своето семејство, станав мајка и сега имам две прекрасни деца на кои сум им многу благодарна. Меѓутоа, сè уште имам цели кои сакам да ги …

Continue Reading

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП) по денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС). Како што информира Министерството, на седницата била презентиранa Методологијата за раст на платите во јавниот сектор со која се предлага нов транзициски период од 2023 – 2025 година, односно зголемување на …

Continue Reading

Шефовите на ЕУ: Неуспехот да се смират тензиите во Косово ќе има негативни последици

Шефовите на Европската унија (ЕУ) предупредуваат дека неуспехот да се релаксираат тензиите во Косово „ќе има негативни последици“ и бараат итни избори во северниот дел од земјата и продолжување на дијалогот Белград-Приштина, имплементација на Охридскиот договор, што вклучува и формирање Заедница на српските општини. Тоа се наведува во нацрт-заклучоците од денешната и утрешната средба на шефови на држави или влади …

Continue Reading

KKCG најавува два главни бренда – Qinshift (Киншифт), технолошка компанија за развој на софтвер, и Арикома, провајдер на целосни ИКТ услуги

ИТ холдинг-компанијата Арикома, која е дел од KKCG групацијата, објавува дека ќе работи под два главни бренда за да ја утврди својата позиција како меѓународен лидер во областа на информатичката технологија (ИТ). Компаниите кои се фокусирани на развој на наменски софтвер ќе работат под брендот Qinshift, а останатите компании од групацијата ќе го усвојат брендот Арикома. Во последниве шест години, …

Continue Reading

Сообраќајка во тунелот пред Катланово, блокиран автопатот Велес-Скопје

Поради сообраќајна несреќа во тунелот пред Катланово во прекин е сообраќајот на автопатот Велес-Скопје, информираат од Центарот за упраување со кризи (ЦУК). – Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека во моментот поради сообраќајна незгода во тунелот пред Катланово во прекин е сообраќајот на автопатот Велес-Скопје, стои во известувањето од ЦУК.

Continue Reading

Средби на Грковска во Директоратот за соседство и преговори за проширување: Мора да се искористи новиот момент во проширувањето на ЕУ

Во рамки на работната посета на Брисел, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со Микела Матуела, вршителка на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија. Како што соопшти владината прес – служба, разговорот се фокусираше на прашањето на уставните измени …

Continue Reading

ЕСС: Има поместување од „мртва точка“, во понеделник нов состанок

Има поместување од „мртва точка“, но во понеделник ќе се одржи нов состанок на кој ќе се направи уште еден обид за доближување на ставовите. Ова е исходот од денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) на која синдикалните претставници повторија дека нема да отстапат од барањата. Она што им било понудено, за нив, како што изјавија, не е прифатливо. – …

Continue Reading