Рекорден број верници во Германија ја напуштиле Католичката црква

Над половина милион верници ја напуштија Католичката црква во Германија лани, што е најголем број на заминувања регистрирани досега, објави денеска Германската бискупска конференција во Бон. -Во 2022 година, 522.821 верник побарале официјален испис од редовите на Католичката црква, што е најголем број откако се води статистика, се вели во соопштението. Ова е значително повеќе отколку во 2021 година, кога …

Continue Reading

Обвинителството постапува по три поднесените кривични пријави од австриската фирма АММА

Основните јавни обвинителства во Гевгелија и Скопје, како и Вишото јавно обвинителство Скопје водат три посебни постапки, по поднесени кривични пријави од австриската фирма AMMA Import Export GmbH (AMMA), за кои во отворено писмо до медиумите вчера алармираше и австрискиот амбасадор, информираат денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. – Иако во конкретниот случај во основа станува збор за …

Continue Reading

Институт за воени студии: Путин сфати дека е премногу опасно да го елиминира Пригожин

Рускиот претседател Владимир Путин веројатно навреме сфати дека не може да го елиминира основачот на платеничката војска „Вагнер“, Евгениј Пригожин, а истовремено да не го направи маченик, објави денеска американскиот безбедносен и одбранбен тинк-тенк Институт за различни студии (ISW). Да потсетиме, рускиот претседател Путин, преку посредникот, белорускиот претседател Александар Лукашенко, го прогони Пригожин во Белорусија и ги отфрли сите кривични …

Continue Reading

ЗНМ: Остра осуда за упатените јавни закани за насилство кон новинарите и медиумските работници изнесени во контактна емисија на ТВ24

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира и ги осудува јавните закани, говорот на омраза кон сите новинари и медиумски работници и кон новинарот Огнен Јанески кои беа упатени од страна на гледач во две контактни емисии на 27 јуни 2023 година, на ТВ 24. Поконкретно, во текот на вчерашното издание на емисијата „Во тек“на телевизија 24, која што …

Continue Reading

Според бугарскиот премиер, проруската партија „Преродба“ е неофашистичка

Бугарскиот премиер Николај Денков денеска ја означи проруската партија Преродба, која дејствува во Бугарија, како неофашистичка организација. „Неофашистичката партија беснее во Националното собрание, парадира во националните медиуми. Објавена е војна против европските вредности, кои се и бугарски. Бугарија ќе ја изгуби битката за својот европски идентитет, без храбар проевропски став на медиумите“, рече Денков, пренесува Еурактив. Порталот додава дека партијата …

Continue Reading

ЕК предлага рамка за воведување дигитално евро

Европската комисија денеска излезе со предлог за воспоставување рамка за можно воведување на дигиталното евро и предлог да се обезбеди задолжително прифаќање на готовинските плаќања со цел да се отфрли стравот на многумина дека дигиталната валута може целосно да ја замени готовината. Комисијата, исто така, предложи дигиталното евро, нематеријална валута, да добие статус на законско средство за плаќање во еврозоната, …

Continue Reading

Општина Куманово организираше прием за учениците кои учествуваа на МОС натпреварот

Општина Куманово организираше прием за учениците кои учествуваа на годинешниот МОС натпревар. Ученикот, Леонид Петковски од средното училиште „Наце Буѓони“ освои прво место и можност да се натпреварува на светскиот МОС натпревар во Орландо, Флорида – САД. -Денеска во општина Куманово како дел од проектот за унапредување на дигитална писменост на младите од 13 до 22 години, беа доделени МОС …

Continue Reading

Зеленски отфрла каков било мировен план што би ја претворил војната во замрзнат конфликт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нема да прифати ниту еден предложен мировен план што би ја претворил руската војна во неговата земја во замрзнат конфликт. Украинскиот претседател во обраќањето пред Парламентот по повод Денот на украинскиот устав истакна дека останува против каков било мировен план со кој би се замрзнале териториите заземени од Русија во инвазијата која почна …

Continue Reading

Тренчевска – Дрекслер: Продолжува силната поддршка на патот до ЕУ

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер. На средбата, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Дрекслер ја истакна силната поддршка на патот на земјава до ЕУ, како и поддршката за расчистување на наративот во општеството околу предлог-законите за матична евиденција и за родова …

Continue Reading