Песков: Кремљ нема информации каде се наоѓа Пригожин

Кремљ денеска соопшти дека нема информации за тоа каде се наоѓа водачот на платеничката група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој во саботата се бунтуваше во знак на протест против, според него, лошото спроведување на воените операции во Украина, пренесоа британските медиуми. Според условите на договорот што стави крај на немирите, на Пригожин му беше дозволено да се пресели во Белорусија, а …

Continue Reading

Средба Борел-Рама: Косово и Србија да го одобрат патоказот на Брисел

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама од Брисел, упати апел до лидерите на Косово и Србија да најдат начин да избегнат ескалација на ситуацијата и да го одобрат патоказот што беше ставен на маса минатата недела во Брисел, јави албанската државна агенција, АТА. – Разговаравме и за …

Continue Reading

Вучиќ: Србија не е одговорна за зголемување на насилството на северот на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска демантираше дека Србија стои зад зголемувањето на насилството на северот на Косово, јави дописникот на МИА од Белград. На прес-конференција во Ваљево, Вучиќ изјави дека „очекува многу тешки ситуации“ во наредниот период за Србите на Косово. Вучиќ рече дека „сите во светот знаат кој се обидува да ја ескалира ситуацијата“, „се знае кој се игра …

Continue Reading

Просечната сметка за струја од 1 јули пониска за 4,26 отсто, доколку ДДВ-то се врати на 18 отсто повисока за 2,5 отсто

Од 1 јули годинава за 7,04 проценти ќе се намали вкупната цената на електричната енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина, во вториот блок ќе биде поевтина за 4,09 проценти, додека во третиот блок ќе има зголемување за 2,54 проценти, а во четвртиот блок цената ќе биде повисока за 2,42 проценти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и …

Continue Reading

Лукашенко: Заканата од нов глобален конфликт никогаш не била толку блиску како денеска

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави дека заканата од нов глобален конфликт никогаш не била толку блиска, а ситуацијата во регионот се обидува да се разреши на сите можни начини, пренесе Тасс. -Заканата од нов глобален конфликт никогаш не била толку блиска како што е денеска. Уште еднаш се обидуваат да ја минираат нашата земја, целиот наш регион, да ги дезориентираат …

Continue Reading

Петровска: Армијата забрзано се модернизира, пристигнати се 32 JLTV оклопни возила, Страјкер доаѓаат следната година, наскоро одлука за набавка на хеликоптери

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју за ТВ24 рече дека продолжува силното темпо на модернизација на Армијата поддржано со значајни инвестиции. – При процесот на модернизација на Армијата многу се важни два сегмента: прво е важно да имате стабилен план кој е одржлив и може да биде реализиран и второ да имате соодветно финансирање, односно буџетирање. Во случајот со …

Continue Reading

Орбан за Ди Велт: Украина веќе не е суверена земја, нема ни пари ни оружје

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта даде интервју за германскиот весник „Ди Велт“, во кое го искажа својот став за текот на војната во Украина. Тој смета дека Киев ќе остане без војници пред Москва. За да ја спасат Украина, САД и Русија треба да преговараат за мир, тврди унгарскиот премиер. И покрај првичните успеси на украинската контраофанзива, Орбан сепак …

Continue Reading

„Вагнер“ ќе го предаде тешкто вооружување на руската армија

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека во тек се подготовки за префрлање на тешката воена опрема од паравоената група „Вагнер“ на активните единици на руските Вооружени сили. Претходно, истражното одделение на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека ја прекина кривичната постапка за вооружениот бунт на „Вагнер“ откако беше утврдено дека на 24 јуни нејзините учесници ги …

Continue Reading

Деари: Секојдневно има по некоја нова пријава за дискриминација

Расте довербата во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, за што говори и бројот на поднесени претставки, што е во постојан пораст. Од поднесени 90 претставки во 2021 и лани имавме речиси тројно повеќе – 248, а годинава речиси секојдневно има по најмалку една пријава за дискриминација по разни основи, рече Ирфан Деари, член на комисијата на денешниот отворен …

Continue Reading