Пригожин и„вагнеровци“ го напуштија Ростов на Дон и регионот на Воронеж

 – Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин ги предводеше своите платеници во изведувањето надвор од јужниот руски град Ростов-на-Дон, откако синоќа постигна договор за ставање крај на краткотрајниот вооружен бунт. Ситуацијата околу штабот на Јужниот воен округ на руската армија во Ростов на Дон утринава е мирна и сообраќајот е обновен, јавија руските медиуми. На фотографиите на повеќе светски агенции и …

Continue Reading

СДСМ: Одлуката за ЕУ е одлука за иднината, ВМРО – ДПМНЕ да покаже државничко однесување

ДПМНЕ нема поддржано ниту една важна стратешка одлука, важна за државата, досега. ДПМНЕ не го поддржа членството во НАТО, беше против Договорот од Преспа, против продолжувањето на преговорите со ЕУ а не гласаа ниту за договорот ФРОНТЕКС. ДПМНЕ заедно со Левица застана и против одлуката на германскиот Бундестаг за поддршка на членството во ЕУ и признание за македонскиот идентитет. Сега …

Continue Reading

Поплавени куќи по синоќешниот дожд во Куманово

– Регионалниот ЦУК Куманово известува дека по силниот пороен дожд што го зафати градот Куманово, во вечерните часови, а поради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количества вода, дошло до поплавување на куќи. Екипите од ТППЕ Куманово биле излезени на терен за испумпување на вода во село Черкезе. ЈП „Водовод“, била на ул. Никола Вапцаров каде што известува дека …

Continue Reading

СВР Битола изрече 24 санкции за возење под дејство на алкохол

– Во периодот од 22.00 до 04.00 часот синоќа на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 24 возачи, а изречени се и 28 други видови прекршоци. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Continue Reading

Лавров: Русија ја задржува контролата врз нуклеарното оружје распоредено во Белорусија

– Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека неговата земја ја задржува контролата врз тактичкото нуклеарно оружје што ќе биде распоредено во Белорусија, во согласност со меѓународните обврски. -Ова распоредување на нуклеарно оружје на ниту еден начин не прекршува какви било меѓународни обврски на Белорусија или на Руската Федерација, вклучително и обврските од Договорот за неширење на нуклеарно оружје, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Време е Ахмети и ДУИ да одат во опозиција

Јавноста сака да знае како Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, кој има 24 години, го купи бизнис центарот Соравиа за 30 милиони евра. Од каде му се на внучето Дрин, 30 милиони евра и дали институциите го проверија потеклото на парите. Очигледно ниедна институција не смее ни да помисли нешто да проверува за овој случај, бидејќи истите се партизирани …

Continue Reading

Реакција на Единствена Македонија за изрекување на тригодишна забрана за влез во Грција на Емилија Гелева

Единствена Македонија реагира на вчерашната мерка на Грција за одбивање влез на граница и изрекување тригодишна забрана за влез и за Емилија Гелева претседателката на Унијата на жени на Единствена Македонија и членка на Извршниот комитет на партијата. Потсетуваме, пред една недела, на 17 јуни беше одбиен влез и на пошироката делегација на Единствена Македонија која одеше во Нивици, Беломорска …

Continue Reading

МЗШВ ги повикува земјоделците да аплицираат за директни плаќања за мали стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години

– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години. Како што посочуваат од МЗШВ, корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства, кои се корисници по Програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020,2021 и 2022 година и истите не се корисници …

Continue Reading

Моравјецки: Можни се тензии на границата со Белорусија

– Актуелните настани во Русија се внатрешно прашање на оваа земја кое не претставува никаква закана за Полска, оценија вчера полските лидери, пренесуваат британските медиуми. Меѓутоа, полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека е можно зголемување на тензиите на границата со Белорусија. -Апсолутно веруваме дека е тоа интерна работа на Русија….ние не наредуваме никаков зголемен степен на борбенета готовност на нашата армија, …

Continue Reading