Министерот Николовски во Софија ќе учествува на Меѓународен самит „Зелена транзиција – Централна и Источна Европа“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска и утре ќе учествува на Меѓународен самит „Зелена транзиција – Централна и Источна Европа“ кој се одржува во Софија. Како што соопшти МЗШВ, Николовски ќе има обраќање на панелот на тема цени, храна и безбедност на храна. Во рамки на посета на Софија министерот Николовски ќе оствари и средба со министерот …

Continue Reading

Македонските тенисерки подобри и од првиот носител Финска

Македонската женска тениска репрезентација ја забележа и третата победа во рамки на Третата европска зона во Били Џин Кинг купот, откако попладнево во Скопје триумфираше над првиот носител Финска со 2-1. Финска стекна почетна предност со триумфот на Лаура Хиетаранта над Магдалена Стоилковска со 2-0 во сетови (6-1, 6-2) за еден час и пет минути игра, по што најдобрата македонска …

Continue Reading

Крос уште една година во Реал

Германскиот играч за врска Тони Крос (33) го продолжи договорот со мадридски Реал до јуни идната година, објави денеска Кралскиот клуб. Договорот на Крос истекуваше на крајот на овој месец. Германскиот фудбалер дојде во Реал во 2014 година од Баерн и со шпанскиот клуб освои четири титули во Лигата на шампиони, три во шпанското првенство и Купот на кралот, како …

Continue Reading

ДС: Одговорност од министерот за правда поради злоупотреба на службената положба

Демократскиот сојуз бара одговорност од министерот за правда поради злоупотреба на службената положба со тоа што донел Упатство за водење на матичните евиденции во кое, покрај податоците утврдени со Законот за матични евиденции, додал нова графа во која се искажува и националната, односно етничката припадност. Во матичните евиденции не може да се менуваат податоците, тоа се законски решенија и никој …

Continue Reading

Османи во Лондон оствари средби со министрите за надворешни работи на Азербејџан и Молдaвија, Бајрамов и Попеску

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на маргините на Конференцијата за закрепнување на Украина, што се одржува во Лондон, денеска оствари билатерални средби со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов, и со Нику Попеску, вицепремиер и министер за надворешни работи и европска интеграција на Молдавија. Како што соопшти МНР, во фокус на разговорот помеѓу Османи и Бајрамов беше …

Continue Reading

Ердоган повика на составување нов турски устав

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска уште еднаш повика на составување нов турски устав, јави агенцијата Анадолија. Турската влада нема да застане додека земјата не се рангира меѓу десетте најголеми економии во светот, рече Ердоган, говорејќи на првиот состанок на парламентарната група на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) на 28. Меџлис. Според шефот на државата, кабинетот продолжува …

Continue Reading

Кавадаречките пожарникари на обука во Марибор

Кавадаречките пожарникари се наоѓаат на обука во Марибор, информираа од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци. – Во текот на денешниот ден, нашите пожарникари во Република Словенија имаа обука на тема, „Основни тактики за опасни супстанции и хемиски средства“. Презентирана беше процедурата PIRS. Презентирани беа основите на работата на пожарникар при интервенција со Н.С. опрема за опасни материи, лична заштитна опрема …

Continue Reading

Најмалку 35 мигранти загинаа откако брод се преврте во близина на Канарските Острови

Најмалку 35 мигранти, меѓу кои и едно дете, се удавија денеска кога се преврте гумениот брод со кој стигнаа до Канарските Острови во Шпанија. Од несреќата се спасени 24 лица, во спасувачка акција предводена од мароканските власти, која била спроведена на оддалеченост од околу 140 километри југоисточно од островот Гран Канарија. Се додава дека на бродот во моментот на превртувањето …

Continue Reading

Индискиот премиер Моди повика на единство по повод Меѓународниот ден на јогата

Индискиот премиер Нарендра Моди ја предводеше денеска прославата на Меѓународниот ден на јогата во Обединетите нации во Њујорк и ги повика луѓето „да си подадат рака еден до друг за да ја постигнат целта на една земја, едно семејство, една иднина“. Во 2014 година, Обединетите нации го прогласија 21 јуни за Меѓународен ден на јогата, усвојувајќи мерка предложена од самиот …

Continue Reading