Лајчак: Мораме да разговараме за следните чекори

Многу сум загрижен, ситуацијата е исклучително тешка. Мораме да разговараме за следните чекори, изјави специјалниот пратеник на ЕУ за Дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, јавија белградски медиуми. Изјавата беше дадена на јавна дискусија во Атлантскиот совет за последните случувања во регионот и Дијалогот меѓу Приштина и Белград, на која беа презентирани можните решенија и беа повикани двете страни …

Continue Reading

Одржана завршната конференција на проектот „Грижи се“

Придонесот кон подобрени, функционални, ефективни и одржливи социјални и здравствени услуги за луѓето кои се изложени на зголемен ризик и сиромаштија поради Ковид – пандемијата се остварувањата на проектот „Грижи се“, кои беа претставени на завршната конференција, што се одржа денеска во конференциската сала на Јавна соба. Конференцијата ја одржаа Хуманитарно – добротворната фондација Македонски каритас, Асоцијацијата за демократски развој …

Continue Reading

ПССЕ ја именуваше Дора Бакојани за известител за Косово во Советот на Европа

Комисијата за политички прашања и демократија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја именуваше грчката политичарка Дора Бакојани за известител за Косово во Советот на Европа. Именувањето на Бакојани го потврди шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово во Собранието, Арбен Гаши, кој е член на делегацијата на пратениците од Приштина во Советот на Европа, а …

Continue Reading

Струга против Жалгирис во квалификациите за Лигата на шампиони

Македонскиот фудбалски првак Струга ќе игра против литвански Жалгирис во првото коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампиони, одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Македонскиот шампион својот дебитантски натпревар во елитното европско клупско натпреварување ќе го игра во Вилнус на 11 или 12 јули, додека реваншот е по седум денови на домашен терен. Поразениот тим …

Continue Reading

Германија апелираше до Кина да влијае на Русија и да не ја снабдува со оружје

Германија апелираше до Кина да го искористи своето влијание врз Русија во контекст на војната во Украина. Премиерите на Германија и Кина, Олаф Шолц и Ли Чијанг денеска се сретнаа во Берлин. Средбата се одржа само еден ден откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг. „Повторно апелирав до кинеската влада да изврши уште посилно …

Continue Reading

Ќе се реставрира и партерно ќе се уредува Споменикот на слободата во Кочани

Општина Кочани ги почнува активностите за конзервација, реставрација и санација на архитектурата и за партерно уредување на Споменикот на слободата, за што објави јавна набавка за избор на на изведувач на градежните работи. Санацијата на најголемиот мозаичен монумент на Балканот, лоциран на ридот Локубија во Кочани, е во рамки на проектот што се реализира со финансиска поддршка од над 254 …

Continue Reading

Нкунку го засили Челзи

Лондонскиот премиерлигаш Челзи денеска официјално го потврди 25-годишниот француски репрезентативец Кристофер Нкунку во свое засилување за претстојната сезона. Францускиот напаѓач доаѓа во Челзи од Лајпциг и со клубот од Лондон потпиша договор на шест години. – Вложен беше голем напор да дојдам во Челзи и одвај чекам да ги запознаам своите нови соиграчи и тренерот. На навивачите на Челзи сакам …

Continue Reading

САС на МПЦ-ОА ги прифати во своја канонска јурисдикција архијереите на поранешната ПОА

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) по канонскиот отпуст на архијереите г. Јован, г. Јоаким, г. Марко и г. Давид од Соборот на СПЦ, денеска ги прифати во своја канонска јурисдикција и им определи епархии и задолженија. Синодот на својата редовна седница во пленарен состав одлучи Крушевско-демирхисарската епархија да ја предводи митрополитот г. Јован, …

Continue Reading

Претседателот на Чешка не се плаши од Русија, туку од уморот на Западот во поддршката на Украина

Претседателот на Чешка, Петр Павел, на денешната Конференција Нашата безбедноста, што се одржува во Прага, изјави дека не се плаши од Русија, туку од уморот на Западот од војната и поддршката за Украина. – Нема причина да се плашиме од руските закани. Како заедница на демократски земји ние по вредностите сме граѓански, но и економски и воени посилни. Не се …

Continue Reading