Дел од општина Шуто Оризари утре без вода

Корисниците од улиците „Индира Ганди“, „Пелагонија“ и „31“ во општина Шуто Оризари утре од 9:00 часот ќе останат без водоснабдување. Како што информираат од ЈП „Водоводи и канализација“ – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 150 милиметри на улицата „Индира Ганди“ бб, а корисниците ќе бидат без вода се до санирањето …

Continue Reading

Монд: Франција одлучи да го поддржи пристапот на Украина во НАТО

Франција е решена да го поддржи приемот на Украина во НАТО со цел да го зголеми притисокот врз Русија додека украинската контраофанзива е во тешкотии, објави денеска парискиот весник „Монд“. Пред годишниот самит на НАТО на 11 и 12 јули во Вилнус, „Франција, во разговорите со сојузниците на Украина, го фаворизира пристапот дека треба да се одбрани можноста Украина да …

Continue Reading

Презентиран Нацртот на десетгодишната стратегија за развој на лозарството и винарството

Прв пат од независноста изготвивме Нацрт-стратегијата за развој на лозарството и винарството во наредните 10 години. Овој сектор, втор најголем извозник од делот на земјоделството, е исклучително значаен и затоа неговиот иден развој бара подолгорочен, конкретен и предвидлив стратешки пристап, рече денеска министерот министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. На презентацијата на Нацрт- стратегијата, Николовски напомена дека земјава …

Continue Reading

Македонските екипи ги дознаа противниците во воведното квалификациско коло во Лигата на конференции

Со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион попладнево беа одредени двојките за првото квалификациско коло во Лигата на конференции во кое ќе настапат Македонија Ѓорче Петров, Шкупи и Шкендија. Освојувачот на Купот, Македонија ЃП, за противник во воведното квалификациско коло го доби летонски РФС и на првиот натпревар на 13 јули ќе биде домаќин, додека реваншот ќе се игра …

Continue Reading

Османи на средби во Лондон: Стабилен и просперитетен регион во фокус на Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, за време на посетата на Велика Британија, денеска се сретна со Алиша Кернс, претседателка на Комитетот за надворешни работи во Долниот дом на британскиот Парламент, со Мартин Викерс, претседавач на Групата за парламентарна соработка со Северна Македонија и трговски пратеник за Западен Балкан, Баронесата Баркер заменик претседавачот на Групата, и пратеничката Венди Мортон, поранешна …

Continue Reading

Ѓоргиевска на панел-дискусија „Ракот на кожата може да се види и доколку рано се забележи, може успешно да се лекува“

Сопругата на Претседателот на Република Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Европската куќа во Скопје учествуваше на панел-дискусија насловена „Ракот на кожата може да се види и доколку рано се забележи, може успешно да се лекува“, како дел од кампањата за подигнување на јавната свест за превенција и рано откривање на меланом и други карциноми на кожа, ЕУРОМЕЛАНОМА. Ѓоргиевска, како што …

Continue Reading

Бериша ги повикува ОН и американскиот Конгрес да спроведат истрага за „трагичниот и насилен настан“ во кампот на муџахедините

Лидерот на побројното крило на опозициската Демократска партија, поранешен албански претседател и премиер Сали Бериша, ги смета за „срамни денешните случувања во кампот на МЕК во Манз, кај Драч“ каде „едно лице го загуби животот а десетици други беа повредени“. Бериша преку порака на социјалните мрежи ги повика ОН и Конгресот на САД да го истражат овој, како што го …

Continue Reading

Нов, изолиран случај на африканска чума кај домашни свињи во село Петралица

Потврден е нов, изолиран случај на болеста африканска чума кај питомата популација свињи во село Петралица, општина Ранковце, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Според АХВ, Петралица се наоѓа во високоризичната зона во однос на африканската чума. Станува збор за нерегистрирано и неевидентирано одгледувалиште каде за сопствени потреби се чувале три свињи од кои две угинале и каде не …

Continue Reading

Беровскиот Совет преименува четири улици по загинатите бранители од конфликтот во 2001 година

Во Берово преименувани четири улици кои во иднина ќе ги носат имињата на загинатите бранители во конфликтот 2001 година. Одлуката едногласно ја донесе Советот на Општина Берово на денешната 31 седница. -Советот денеска донесе одлука улицата „Моша Пијаде“ да се преименува во улица „Зоран Бубевски”, улицата „Борис Кидрич” отсега ќе го носи името „Димитар Двојаковски”, улицата „Неретва” се преименува во …

Continue Reading