Прогласена кризна состојба во Општина Делчево

Прогласена кризна состојба во Општина Делчево, информираа од Општината. Оттаму велат дека одлуката е донесена на денешната седница на Владата, а причината за прогласувањето кризна состојба е заради поплави и справување со поплавите и последиците од нив. -Во Општина Делчево како последица од невремето настанаа оштетувања на патната инфраструктура и неколку поголеми свлечишта чијашто санација бара долгорочни решенија за кои …

Continue Reading

Богоев на средба со националните координатори за Отворен Балкан, Забрчанец и Исмајлоска Старова

Активностите кои ги спроведува Царинската управа во рамки на регионалната иницијатива Отворен Балкан, особено за актуелните инфраструктурни зафати на граничниот премин Табановце кои се преземаат координирано со Владата, и во моментов се во завршна фаза, беа тема на дискусија на денешната средба на директорот на Царинска управа Стефан Богоев со националните координатори за Отворен Балкан, Марјан Забрчанец и Нола Исмајлоска …

Continue Reading

Ќучук побара одложување на гласањето на извештајот за Македонија во Европскиот парламент

Известувачот во Европскиот парламент за Македонија Илхан Ќучук, побара официјално одложување на гласањето за извештајот во ЕП, што беше закажано за крајот на јуни, соопштија од прес-службата на Ќучук. -Убеден сум дека претстојниот период пред гласањето на извештајот ќе биде сериозен тест за политичката елита во Северна Македонија и ќе ја измери подготвеноста на земјата да продолжи по патот на …

Continue Reading

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата расправаше за кандидатката Кети Петкова за советник во ЈО

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата продолжи денеска со расправата за избор на Кети Петкова, адвокат од Гевгелија, која претходно работела во Специјалното јавно обвинителство, за нов член на Советот на јавни обвинители. Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ по однос на оваа точка во долго обраќање се осврна на целокупната состојба и актуелните случувања во правосудството. Според Јадранка …

Continue Reading

МПЦ со повик за мирен протест

‼️ МПЦ со повик за мирен протест. Синодот на МПЦ на денешната седница одлучи да го повика народот на мирен протест против донесување на Законот за родова еднаквост и измените во Законот за матична евиденција, со кои се планира да се легализираат безброј родови т.е. пола, што е спротивно на научните факти и спротивно на која било вероисповед. Коалицијата за …

Continue Reading

Дел од општина Гази Баба утре без вода

Корисниците од улицата „Перо Наков“,  на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до „МЗТ“, во општина Гази Баба утре од 9:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на затворач од 250 милиметри на улицата „Перо Наков“ бб, во близина на „МЗТ“, а корисниците ќе бидат …

Continue Reading

Анкета: Нова демократија со двојно поголема предност од СИРИЗА

Двојно поголема предност добива Нова демократија во однос на СИРИЗА на новото истражувањето на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата МРБ за информативниот портал „Њузбомб“, објавено денеска, на пет дена пред парламентарните избори во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Со 36,6 отсто до неодамна владејачката партија и победник на изборите минатиот месец е со највисок рејтинг, а …

Continue Reading

Папата Франциск се сретна со кубанскиот претседател Дијаз-Канел

Папата Франциск денеска се сретна со кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, додека полицијата од Ватикан отстрани мала група демонстранти кои бараа почитување на човековите права на комунистичкиот остров. Во соопштението на Ватикан не се наведуваат детали од 40-минутниот разговор, но се наведува дека тема на разговорот на Дијаз со дипломатите на Светата столица била актуелната ситуација во неговата земја со акцент …

Continue Reading

Ѓедовиќ и Сијарто потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на нафтоводот Унгарија – Србија

Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во рамки на првата седница на Стратешкиот совет за соработка помеѓу двете земји потпиша Меморандум за разбирање за изградба на нафтоводот Унгарија – Србија. – Србија во моментот се снабдува со сурова нафта само преку Хрватска, а за поголема сигурност потребно е, како и за …

Continue Reading