Поплави во Србија, вонредна состојба во 39 градови и општини, евакуирани 75 лица

Обилните дождови во Србија предизвикаа изливање на реките и поплави, поради што во 39 општини и градови прогласена е вонредна состојба, додека припадниците на Секторот за вонредни состојби евакуираа 75 лица од поплавените и загрозените подрачја, јави дописникот на МИА од Белград. Вонредна состојба прогласена е за градовите Чачак, Лозница, Јагодина, Прокупље, Алексинац, Парачин, Куршумлија, Владичин Хан, Врњачка Бања, Соко …

Continue Reading

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата изнесува 118,55 евра за мегават час, на МЕМО 108,29 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за денеска просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 118,55 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 108,29 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) на HUPX постигна ниво 108,81 евра за мегават час, а …

Continue Reading

Заврши снимањето на краткометражниот игран филм ,,Ракетно моделарство”

Играниот филм е работен по сценарио и режија на Златко Калеников, а во продукција на Стримон Филм Скопје „Ракетно моделарство” е краток филм кој обработува тема од детскиот живот каде сите ние сме биле некогаш под нечие влијание. Децата се најмногу изложени, поготово во денешницата. Влијание на деликвенти, влијание на постари деца, влијание на средината, наркотици. Филмот е за конфликт …

Continue Reading

Москва: Невозможно е да се продолжи договорот за извоз на украинско жито под сегашни околности

Невозможно е да се продолжи рокот на договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море под сегашните околности, изјави денеска претседателката на Горниот дом на рускиот парламент, Валентина Матвиенко, пренесе БТА. Матвиенко на меѓународниот економски форум во Санкт Петербург изјави дека трпението на Русија го достигна својот крај. Всушност, таа ги повтори коментарите дадени претходно оваа недела од рускиот …

Continue Reading

Брегу: Не ни треба дополнителна институција за унапредување на соработката во Западен Балкан, потребна е политичка волја

На земјите од Западен Балкан не им е потребна дополнителна институција што ќе работи на унапредување на регионалната соработка, туку политичка волја, затоа што има доволно организации што се занимаваат со тоа, оцени Мелинда Брегу, претседателка на Процесот за регионална соработка, на сесијата „Искрената регионална соработка го одржува регионот стабилен“ во рамки на Преспа форумот за дијалог 2023 во Струга. …

Continue Reading

Ковачевски – Милатовиќ: Македонија и Црна Гора се пример за добрососедска соработка и придонесуваат во европската стабилност  

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со новоизбраниот претседател на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ, соопштија денеска од владината прес-служба. Премиерот Ковачевски му го честитал претседателскиот мандат на Милатовиќ, како и неодамнешното успешно заокружување на парламентарните избори во Црна Гора, со изразена верба дека ќе продолжат одличните односи меѓу Северна Македонија и Црна Гора и …

Continue Reading

Мецола: Западен Балкан го забрза својот пат за приклучување кон ЕУ

Годинешниот „Преспа форум“ е особено важен, бидејќи се означува петтата годишнина од потпишување на Преспанскиот договор, којшто значи траен мир, стабилност и добрососедски односи во Југоисточна Европа, порача во видео обраќањето претседателката на европскиот Парламент, Роберта Мецола. Забележа дека овој договор е единствена политичка платформа, кадешто се бараат решенија и се разменуваат идеи со цел изнаоѓање на заеднички одговори. -Политиката …

Continue Reading

Во Санкт Петербург средба Путин – Најхан

Претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Мохамед бин Зајед Ал Нахјан денеска на маргините на Економскиот форум во Санкт Петербург се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, при што беше истакната заедничката посветеност да продолжат со развојот на билатералните врски меѓу ОАЕ и Русија. Најхан на средбата ја истакна важноста на комуникацијата и дијалогот за поддршка на регионалната и меѓународната …

Continue Reading

Рама побара итно ослободување на косовските полицајци и порача Косово да не ја губи златната можност-планот за мир

Албанскиот премиер Еди Рама побара од Србија итно ослободување на тројцата косовски полицајци, уапсени пред два дена. – Постои итна потреба, неопходност, итност, тројцата косовски полицајци да се вратат дома. Надвор од тврдењата каде се фатени, овде или таму. КФОР нема да даде јавен заклучок туку ќе го поднесе соодветното досие во НАТО, јасно е дека тие не се вклучени …

Continue Reading