Пригожин: Не знам дали „Вагнер“ ќе остане во Украина

Основачот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој и понатаму има несогласувања со руското Министерство за одбрана изјави дека неговите платеници можеби нема да останат во Украина на прашањето каде групата ќе се бори понатаму. -Не сум сигурен дека ќе останеме во Украина, посочи Пригожин, чии војници неодамна го зазедоа Бахмут во име на Русија по најдолгата и најсмртоносната …

Continue Reading

Фестивал на виното во Охрид од 22 до 24 јуни

На Кеј Македонија во Охрид од 22 до 24 јуни ќе се одржи второто издание на фестивалот на виното „Ohrid Wine Festival“, во организација на Крафт Продукција, а под покровителство на Општина Охрид. Целта на фестивалот, како што соопшти денеска организаторот, е да се прослави виното преку убава музика, храна, дружење и забава. – Покрај промоцијата за најдобрите македонски вина, …

Continue Reading

Макрон ќе претстави план за засилување на домашното производство на лекови во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ќе претстави план за производство на клучните лекови во Франција за да се справи со недостигот на увезени фармацевтски производи, од антибиотици до парацетамол, што се појави за време на пандемијата на Ковид-19, јавија британските медиуми. „Долгорочното решение за да се избегне недостигот на лекови во аптеките е да се продолжи со домашното …

Continue Reading

Ердоган повика на меѓународно признавање на Северен Кипар

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на меѓународно признавање на Северен Кипар каде вчера престојуваше во прва официјална посета по неговиот реизбор за претседател. Во Турската Република Северен Кипар Ердоган се состана со водачот Ерсин Татар, чиј авторитет го признава само Турција. – Ако треба да има враќање на преговарачката маса, начинот да се направи тоа е преку признавање на …

Continue Reading

Пендаровски и Пирц Мусар положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Стево Пендаровски и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а по завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата „Св. Спас“. Претходно, претседателот Пендаровски, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести во претседателскиот кабинет, …

Continue Reading

Свечља: Во Косовска Митровица уапсен е главниот организатор на нападите врз КФОР и косовската полиција

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља информира дека во полициска акција денеска на северот од земјата е уапсено лицето Милун Миленковиќ – Луне, за кого вели дека е еден од организаторите на нападите врз припадниците на КФОР и косовската полиција за време на неодамнешните протести на косовските Срби во Звечане, јави дописникот на МИА од Приштина. Свечља на …

Continue Reading

Предупредувачки протест на судската администрација, бараат повисоки плати

Вработени во судската администрација денеска излегоа на мирен едночасовен протест пред Основниот Кривичен суд во Скопје со барање за враќање на додатоците на плата до 35 отсто и итно донесување на законот за судска служба. Протестот го организираа Независниот синдикат на судска администрација на Македонија и Здружението на судска администрација. Јасмина Величкова претседател на судска служба на Македонија вели дека …

Continue Reading

Ученици од ООУ „Илинден“ со лего коцки градеа „еко-градови на иднината“

Основци од основното општинско училиште „Илинден“ во Крива Паланка, беа дел од работилници од лего турнејата „Градење со лего коцки: Еко градови на иднината“ во организација на Здружението „Еко-логик“. – Нашите ученици од второ и четврто одделение низ повеќе работилници се едуцираа за целите на Обединетите Нации за одржлив развој, преку дизајнирање урбана средина, претставена со помош на лего коцки. …

Continue Reading

Иницијативата за промена на начинот на носење одлуки во ЕУ се однесува и на проширувањето, вели словенечката претседателка

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар денеска во Скопје изјави дека според нејзините сознанија иницијативата која ја покренаа седум земји-членки на Европската Унија, меѓу кои и Словенија за промена на начинот за носење одлуки за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се однесува и на процесот на проширување. -Словенија е една од оние седум држави кои сакаат некои прашања да не …

Continue Reading