Полициска акција во Северна Митровица, уапсен припадник на српската „Цивилна заштита“

Попладнево во Северна Митровица е изведена обемна акција на косовската полиција, по што уследи собирање на припадници на локалното српско население, а забележано е движење и на специјалните полициски единици, јави дописникот на МИА од Приштина. Според косовските медиуми, уапсениот е еден од водачите на нелегалната организација, која ја сочинуваат локални Срби, позната како „Цивилна заштита“. Во време на акцијата …

Continue Reading

Жан Митрев не се чувствува виновен за „измама“, обвинителството тврди дека ќе ја докаже вината

Апсолутно не се чувствувам виновен за делото кое ми се става на товар, изјави обвинетиот Жан Митрев кој се товари за продолжено кривично дело „измама“. Покрај Митрев, дека не се чувствува виновно за истото кривично дело, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје се изјасни и застапничката на правното лице, која рече дека во целост го одбива обвинителниот акт. …

Continue Reading

Ковачевски смета дека е одговорен за уставните измени, но во интерес на нивно спроведување на Мицкоски му нуди и премиерска позиција

Премиерот Димитар Ковачевски му нуди на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интерес на спроведување на уставните измени да ја преземе премиерската позиција во преодната Влада, брифираа денеска владини извори, иако, како што претходно е договорено премиер во следната техничка Влада, треба да биде Албанец. Ковачевски смета дека треба да остане на премиерската функција и до крај да го …

Continue Reading

Џафери: Собранието ќе остане отворено за сите иницијативи за подобра информираност и добросостојба на граѓаните

Законодавниот дом и понатака ќе остане отворен за сите иницијативи за кои ќе процениме дека ќе придонесат за подобрата информираност и добросостојба на граѓаните на Република Северна Македонија, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната Презентација на Националната развојна стратегија 2024-2044. Преку денешната Презентација на Стратегијата пред потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи, претседателите на комисиите, генералната секретарка …

Continue Reading

Прекинато водоснабдување на дел од неколку улици во скопски Аеродром

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека денеска поради дефект на приклучна цевка Ф-1“ на ул.„Божин Николов – Силни“ бр.148 /Скопје – Аеродром прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на неколку улици. Прекинато водоснабдување од 12:15 часот до санирање на дефектот ќе имаат дел од корисниците од ул.„Божин Нилолов -Силни“ и ул.„Ѓорѓи Капчев“16, „Ѓорѓи Капчев“ 16/1 и „Ѓорѓи Капчев“ 16 …

Continue Reading

Османи: Потврда на идентитетските атрибути и на ниво на членки на ЕУ, почнува од Бундестагот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека резолуцијата за државава, што според најавите задутре ќе ја усвои Германија, е само почеток во веригата од такви документи за потврда на идентитетските атрибути, покрај во Преговарачката рамка, дополнително и на ниво на одделни држави. На новинарско прашање, дали МНР е во комуникација со други европски држави за таква поддршка, Османи денеска …

Continue Reading

Петровска: Членството во НАТО и интегративниот пат кон ЕУ е влог во безбедна и просперитетна држава

Македонија направи сериозен исчекор во своето позиционирање и дека од земја што во минатото била препознаена по разни видови на кризи и секогаш барала помош, сега веќе е земја членка на НАТО Алијансата и сериозно и сигурно е на пат да ја оствари својата втора стратешка цел, а тоа е членството во Европската Унија. Оној влог кој е направен сите …

Continue Reading

Тренчевска: Социјалниот дијалог е моќно оружје за решавање на важни економски и социјални прашања

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се обрати на 111-та сесија на Меѓународната конференција на трудот, што се одржува во Женева, Швајцарија, која е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чија членка е и Република Северна Македонија. Во своето обраќање министерката Тренчевска претставила дел од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија и во таа …

Continue Reading

Вработените во УЈП бараат потпишување на новиот Колективен договор за повисоки плати или најавуваат генерален штрајк

Вработените во Управата за јавни приходи, денеска, со протест пред Министерството за финансии, го изразија незадоволството од недавањето согласност од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими за потпишување на новиот Колективен договор за покачување на нивните платите. Претседателот на Синдикалната организација „Солидарност“ при УЈП, Васе Неданоски, изјави дека изготвен е нов Колективен договор во кој се утврдени неопходните права …

Continue Reading