Канадската покраина Квебек се надева на дожд и странска помош во борбата против пожарите

Канадската провинција Квебек се надева дека дождот и помошта однадвор би можеле да помогнат во борбата против повеќето од 100 шумски пожари што произведуваат обрачи чад што ги задушуваат градовите на брегот на Атлантикот. Официјални лица од покраината наведуваат дека до понеделник ќе има околу 1.200 пожарникари, вклучително и повеќе од 100 од Франција, кои ќе се борат со пожарите …

Continue Reading

Прв саем за агротуризам „Посети ја Вратница” 

Прв саем за агротуризам ,,Посети ја Вратница” денеска беше организиран во центарот на ова населено место дел од тетовската рурална Општина Јегуновце. Со свои производи или услуги се претставија повеќе локални занаетчии, како производители на храна и пијалоци (сирење, тартуфи, мед, пчелни производи) јавање коњи, рачни изработки. – Саемот е организиран со цел да ја поттикне оваа стопанска гранка во …

Continue Reading

Втор модул од Академијата за јавни политики на ФЕС и СИГА

Викендов се одржува вториот модул од Академијата за јавни политики „Од идеја до реализација“ во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ и Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој „SIGA“. Вториот модул насловен „Што значи да се вмрежам и добијам поддршка за мојата идеја“ го отворија основачот на политичкиот стартап (политичко движење) „Прогресивна Словачка“ Иван Штефунко, претприемач посветен на иновации, инвестирање во …

Continue Reading

Завршија подготовките за аџилак, над 2.000 верници од земјава ќе заминат во Мека

Годинава на аџилак и во посета на светите муслимански места од земјава ќе заминат над 2.000 верници, што претставува рекорден број и подготовките поминаа во најдобар ред, изјави поглаварот на Исламската верска заедница, реисот хаџи Хафиз Шаќир Ефенди Фетаи на информативната средба со верниците во Гостивар. – Од нашата земја оваа година на аџилак ќе заминат 2030 верници, кои ќе …

Continue Reading

Каевски: СДСМ е подготвена да го продолжи дијалогот за уставните измени со ВМРО-ДПМНЕ

Воспоставениот дијалог со опозицијата е во исклучително важен момент за европската иднина на земјата. Чекорот што го направи Христијан Мицкоски со прифаќањето на уставите измени е за поздравување. Сето ова создаде добра основа за продолжување на дијалогот со ДПМНЕ но и со сите релевантни политички партии застапени во македонското Собрание. Сега може да разговараме како заеднички да ги изведеме уставните …

Continue Reading

Канадскиот премиер Џастин Трудо го посети Киев за да ја изрази својата поддршка за Украина

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска го посети Киев во знак на поддршка додека украинските сили се подготвуваат за голема контраофанзива против Русија и се борат со секојдневни воздушни напади, пренесоа британските медиуми. Трудо се поклони пред споменикот на загинатите украински борци во центарот на Киев. Канада, како членка на НАТО, е средина на една од најголемите украински заедници во светот, …

Continue Reading

Милошоски: СДСМ јасно да каже кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа, во спротивно нема потреба од преговори

Јас би сакал кратко да се осврнам на вчерашните седници на Извршниот и Централниот одбор на СДС. За работните групи кои што СДС ги формира да имаат смисла, партијата мора да каже кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлив, во спротивно нема потреба од понатамошни преговори и губење на време. Првиот предлог кој го даде претседателот на …

Continue Reading

Штипски „Стипион“ се подготвува за воведување на хуманитарните паркинг места

Во централното градско подрачје на Штип од наредниот месец ќе се воведат хуманитарните паркинг места. Директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски вели дека во моментов работат на обезбедување на потребни материјали, како набавка на бои и информативни табли, кои би требало да се постават до крајот на овој месец. – Јавното претпријатие „Стипион“е во фаза на техничка подготовка за ставање …

Continue Reading

Николов: Меџити само ги продлабочува проблемите во здравството

Четвртиот министер за здравство во владата на ДУИ и СДСМ, освен политички пазар и партиски интереси ништо друго не прави во ресорот здравство кој и онака е во исклучително лоша состојба. Министерот вели дека ќе ги укине организациските директори, а во меѓувреме поставува нови на неколку клиники. Разрешува директори, а јавноста не е информирана која е постапката за разрешување и …

Continue Reading