Курти: Косово и Србија имаат договор што мора да го применат

Косово и Србија имаат договор за нормализација на односите што мора да го спроведат, изјави косовскиот премиер Албин Курти на конференцијата „Европска Хрватска: ретроспектива и перспектива“ одржана денеска во Дубровник. Во последните немири во Косово на крајот на мај беа повредени десетици мировници на НАТО и српски демонстранти од северот на Косово. Немирите се случија откако косовските власти поставија градоначалници …

Continue Reading

Пацоли: Рама, важен фактор во регионот, не презема активности за да му наштети на Косово

Поранешниот претседател на Косово, и еден од најбогатите Албанци, Беџет Пацоли, изјави дека нацртот предложен од албанскиот премиер Еди Рама за Заедницата на општини со мнозинско српско население на северот на земјата, во никој случај не е направен за да му наштети на Косово. За Еуроњуз Албанија, Пацоли истакна дека Рама е важен фактор во регионот. -Се надевам дека нема …

Continue Reading

Златната топка ќе биде доделена на 30 октомври, номинираните ќе бидат објавени на 6 септември

Објавен е датумот на церемонијата на доделување на Златната топка. Францускиот магазин „Франс Фудбал“ ќе го објави името на најдобриот фудбалер во светот на крајот од сезоната 2022/23 на 30 октомври за време на специјална церемонија во театарот „Шателе“ во Париз. Имињата на номинираните ќе бидат објавени на 6 септември. Во 2022 година, Златната топка ја прими напаѓачот Карим Бензема, …

Continue Reading

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи во април годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно и за 1,6 проценти на годишно ниво. Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со март 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,3 отсто и во секторот Снабдување …

Continue Reading

Конференција: Само со научен пристап до одржливо лозарство отпорно на климатски промени

Климатските промени имаат сѐ поизразено влијание и затоа треба да преземат мерки за управување во процесот на производство на грозје и вино, со цел да се добие подобар краен производ. Справувањето со влијанијата на климатските промени и долгорочниот опстанок и развој на винската индустрија се возможни само преку континуирана примена на стандарди, научни истражувања, мерења и практики за одржливо лозарство. …

Continue Reading

Одбележан Денот на воздухопловниот ВИНГ

Припадниците на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) од составот на Командата за операции (КО), денеска во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец со воена свеченост го одбележаа 10 јуни – Денот на единицата. На свеченоста присуствуваа заменик-министерот за одбрана, Тирон Јајага, заменикот на началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во МО, Владимир Анчев, началникот на штаб на Командата за …

Continue Reading

Намалени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во април годинава се пониски за 3,9 отсто на месечно ниво и за 26,4 проценти на годишно ниво. Според податоците на Државниот завод за статистика, во април моторниот бензин е поскап за 1,5 отсто во споредба со март 2023 година, а поевтин за 16,7 отсто во споредба со април 2022 …

Continue Reading

Нов сервис центар на SCANIA во Општина Илинден

Продолжува интересот на странските инвеститори во општина Илинден Општина Илинден останува во фокусот на инвеститорите. Во локалните економски зони во Општина Илинден се градат и се отвораат нови стопански објекти, а веќе постоечките ги прошируваат своите капацитети. Проширување на капацитетот направи и компанијата SCANIA, која организираше свечено отворање на новиот сервис центар, каде присуствуваше и градоначалникот Александар Георгиевски. Градоначалникот Георгиевски …

Continue Reading

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба, фалсификување службена исправа и кражба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово, до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Љ.С.(61) од Берово, Т.Ч.(49) од с.Мачево, беровско и В.Џ.(39) од с.Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „кражба“. Во периодот од јули 2021 година до октомври 2022 година, прво и второпријавениот, …

Continue Reading