Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со правна помош за охриѓани

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Опција Охрид, Мрежата за заштита од дискриминација денеска во Охрид организираат отворен ден за бесплатна правна помош за случаи на дискриминација и повреди на човекови права. Целта, според Игор Јадровски член на Комисијата за заштита од дискриминација, е Комисијата, како централизирано тело што се наоѓа во Скопје, да излезе на терен и …

Continue Reading

Одржана е работилница за новинарите за користење на статистичката алатка НБСтат

„Како институција веруваме дека нашата мисија може да биде остварена само со јасно и објективно пренесување на нашите ставови и одлуки во јавноста, а тоа е речиси невозможно без поддршката од страна на медиумите. Водејќи се од овој принцип, бевме втората земја во светот којашто учествуваше во пилот-проектот на ММФ за оцена на транспарентноста на Народната банка во согласност со …

Continue Reading

Амбасадорот на Велика Британија во Тирана: Косово да ја повлече полицијата од општината, поддржуваме нови избори

Амбасадорот на Велика Британија во Албанија, Аластер Кинг-Смит изјави дека е загрижен за тензиите на северот на Косово, додавајќи дека соработуваат за смирување на ситуацијата. Смета дека мора да има решение и сугерира дека Владата на Косово треба да ги повлече специјалните полициски сили од општинските згради на север, да создаде можност градоначалниците да ги извршуваат своите функции од други …

Continue Reading

Рациновото признание за 2023 за Блаже Миневски

Комисијата за доделување на наградата „Рациново признание“ за најдобро прозно остварување меѓу две Рацинови средби, во состав Јасминка Делова-Силјанова, Снежана Петрова-Џамбазова и Маја Апостолоска ги разгледа доставените 14 книги и водејќи се исклучиво од естетски критериуми,одлучи наградата „Рациново признание“ за најдобро прозно остварување да му ја додели на романот „Ако се родат некакви чувства“ на Блаже Миневски, соопшти на денешната …

Continue Reading

Градежните фирми лани потрошиле 11,123 милијарди денари за градежни материјали и енергија

Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност лани потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 11,123 милијарди денари, што е за 5,9 отсто повеќе во однос на 2021 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата Материјали за врзување со 4,183 милијарди денари или 37,6 …

Continue Reading

Со механизација во Прилеп се чисти речното корито по последните поројни дождови

Од денеска, прилепски „Комуналец“ со механизација започна да го чисти речното корито на Градската река во Прилеп, на потегот од мостот кај населбата Димо Наредникот, накај железничкиот надвозник. Механизацијата почна да го чисти сиот отпад што во речното корито се слеа од Дабничкиот канал и повисоките населби по обилните врнежи и поплавата минатата недела што го зафатија Прилеп. Инаку, во …

Continue Reading

Новите клинички податоци за уредот Vuse го потврдија позитивното влијание врз јавното здравје на производот со намален ризик

Новите клинички податоци за уредот Vuse го потврдија позитивното влијание врз јавното здравје на производот со намален ризик Студијата открила дека возрасните потрошувачи кои го користат производот Vuse на БАТ покажале значајно подобри резултати за биомаркерите кои се релевантни за болести поврзани со пушењето во споредба со пушачите. Пониски нивоа на штетни материи од чадот од цигарите класифицирани како штетни …

Continue Reading

Црна Гора: Поради закани евакуирани училишта, градинки и институции

Наставата во сите црногорски училишта е прекината денеска откако на електронските адреси беа примени заканувачки пораки за бомбашки напади и напади со нервен гас, а закани стигнаа и до градинки и државни институции. Евакуирани се градинки во Подгорица, а во исто време се упатени закани и на адресите на црногорското МВР, Управата на полицијата, Агенцијата за национална безбедност, Министерството за …

Continue Reading

Ивановски полуфиналист на ИТФ фјучрсот во Скопје

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ќе игра во полуфиналето на ИТФ фјучрсот во Скопје. Ивановски денес требаше да игра со Мирза Башиќ од Босна и Херцеговина кој го предаде мечот поради повреда. Македонецот утре во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Миљан Зекиќ (Србија) и Ерги Киркин (Турција). Турнирот во Скопје се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Continue Reading