Столевска: Целта на „Engage“ е да се поттикне активизмот кај младите и да покажеме позитивни искуства од активисти

Целта на настанот за социјален активизам „Engage 2023“ кој денеска се оддржува во МКЦ во Скопје е да го поттикнеме активизмот кај младите и кај општата популација и да покажеме позитивни искуства на активисти кои веќе успеале да постигнат некаква општествена промена, благодарение на нивните ангажмани што ги имале изминатата година, изјави за МИА Теодора Столевска од Младински образован форум …

Continue Reading

Од утре онлајн-аплицирање за упис во средните училишта

За оптимизирање на процесот на уписи во средните училишта во државава, Министерството за образование и наука  и оваа година овозможува дигитална услуга за електронско аплицирање. -Аплицирањето нема да одземе повеќе од 15 минути. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку сопствените …

Continue Reading

Македонската 3х3 репрезентацијата замина за Братислава

Македонската 3х3 репрезентацијата во состав Марко Дујковиќ, Христијан Ристов, Ервин Цого и Милорад Миновски, предводени од селекторот Иван Ристовски денес замина за Братислава каде во наредните два дена ќе земе учество во квалификацискиот турнир за Европскиот Куп кој традиционално ќе се одржи во септември 2023 година. Согласно ранкинг поените, нашата репрезентација е сместена во Б-групата, заедно со селекциите на Унгарија …

Continue Reading

Франција: По притисокот од Владата, производителите на храна се согласија да ги намалат цените

Водечките компании во прехранбениот сектор во Франција ветија дека од јули ќе ги намалат цените на стотици производи, соопшти денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер, заканувајќи им се со финансиски санкции доколку го прекршат ветувањето. – Им порачувам на Французите дека во јули цените на одредени производи ќе се намалат, изјави Ле Мер за ТВ BFM, најавувајќи проверки и …

Continue Reading

Руски град прогласи вонредна состојба откако дрон удри во станбена зграда

Беспилотно летало удри денеска во станбена зграда во јужниот руски град Вороњеж, што истражителите го нарекоа „терористички чин“ во интерес на Украина, поради што регионалниот гувернер нареди вонредна состојба. Три лица се полесно повредени, изјави регионалниот гувернер Александар Гушев. Рускиот државен истражен комитет, кој се справува со тешки злосторства, соопшти дека отворил кривично дело против „лица кои дејствуваат во интерес …

Continue Reading

Со изложба на фотографии и документи од културниот и општествениот живот Охридскиот архив го одбележа Денот на архивите

Со изложба на фотографии и документи од културниот и општествениот живот во Охрид и околината што беше отворена денеска Охридскиот архив го одбележува Меѓународниот ден на архивите – 9 јуни. Изложбата е составена од седум теми, кои за јавноста ќе бидат достапни во дворот на институцијата до 16 јуни. Според Ѓоко Бакрески, помлад соработник во Архивот, претставени се фондови од …

Continue Reading

Хил: САД сакаат подобри и подлабоки односи со Србија

Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил денеска изјави дека САД сакаат подобри и подлабоки односи со Србија и ја гледаат државата како добар партнер со кој може да соработува. „Верувам дека Србија сега носи добри одлуки и оди во вистинската насока. Секако дека се уште ќе има тешкотии, но САД ја гледаат Србија како добар партнер со кој може да …

Continue Reading

Општина Зрновци ќе гради пречистителна станица за отпадни води во село Видовиште

Општина Зрновци наскоро ќе почне со реализација на проектот за изградба на станица за пречистување на отпадните води во селото Видивиште, чија вредност е проценета на над 1,9 милиони денари. Најголем дел од инвестицијата е обезбеден со средства од Министерството за животна средина, а Локалната самоуправа ќе кофинансира во покривањето на трошоците за спроведување на постапката. – На конкурсот што …

Continue Reading

Во Тирана промовиран српско-албански речник со 80.000 зборови и изрази

Во Албанската академија на науките во Тирана беше промовиран српско-албанскиот речник на доајенот на албанското новинарство и публицист од Северна Македонија, Реџеп Златку. Беше оценето дека ова дело ќе биде важно не само за Балканот, туку и за лингвистиката на глобално ниво. Како што вели авторот, кој по потекло е од Дебар, идејата да се создаде ова капитално дело, кое …

Continue Reading