Крводарителска акција денеска во Делчево, утре во Македонска Каменица

Во организација на Општинската организација на Црвен крст денеска во Делчево се реализира крводарителска акција. Акцијата се реализира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, од каде изразија задоволство од одзивот на хуманите граѓани на Делчево. -Секогаш кога доаѓаме во Делчево имаме добар одзив од граѓаните кои еве и денес се доста активни. Во име на Црвен крст …

Continue Reading

Приведени крадци во скопска Кисела Вода, одземеното вратено на сопственикот

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода денеска ги лишиле од слобода С.О.(37) и Ф.А.(36), двајцата од Скопје. Од МВР информираа дека тие се сомничат дека вчера извршиле тешка кражба во објект на правно лице на ул.„Сава Ковачевиќ“, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска …

Continue Reading

Рама смета дека мора да се распишат нови избори на северот на Косово, на Макрон и Шолц им доставил нацрт за ЗСО

Убеден сум дека треба да се распишат нови избори без да се губи време и тоа веднаш. Да се покаже волја пред се и да се деескалира ситуацијата, полицијата мора веднаш да се повлече, зашто ако странските трупи го заземат северот на Косово, прашањето, којзнае по колку години ќе се врати на маса, изјави албанскиот премиер Еди Рама, нагласувајќи дека …

Continue Reading

Претставата „Професионалец“ по текст на српскиот драмски писател Душан Ковачевиќ ќе се игра утре во Тетово

Екипа од Драмско студио при Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово утре, петок 9 јуни ќе се претстави пред публиката со изведбата на претставата „Професионалец“ по текст на српскиот драмски писател Душан Ковачевиќ. Саше Серафимовски е режисер и толкува една од улогите, додека останатите ликови ги играат Раде Наумчеввски, Маја Николовска, Миќо Стојчевски додека соработник е Ладо Савески. Режисерот …

Continue Reading

МОН и ОБСЕ доделија грантови на училишта за заеднички наставни и воннаставни активности на ученици со различно етничко потекло

Четиринаесет училишта добија грантови за спроведување заеднички наставни и воннаставни активности на ученици од различно етничко потекло, кои следат настава на различни наставни јазици. Целта на активностите е јакнење на соработката и довербата помеѓу младите, а финансиските средства за нивна реализација се обезбедени преку проектот „Градиме нови мостови“ кој беше најавен на почетокот на годинава од страна на Министерството за …

Continue Reading

Комисиска расправа за Годишниот извештај за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница го разгледува Годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2022 година до 31.12.2022 година, поднесен од Државната комисија за спречување на корупцијата – ДКСК. Расправата ќе продолжи по едночасовната пауза, а за збор се пријавени уште три …

Continue Reading

Меџити: Јовев ќе продолжи да работи на Кардиохирургија, одлуката за разрешување не ја преиспитувам

Професорот Сашко Јовев ќе продолжи да работи како најдобар кадар во Кардиохирургија, заедно со другиот стручен тим што е таму, со сите други колеги кардиохирурзи. Ќе се посвети повеќе на пациентите и работата, а ќе ја има мојата потполна поддршка како доктор што ќе работи и извршува секојдневни работи во клиниката, изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити. Одговарајќи на новинарско …

Continue Reading

Бизнисот бара одговорност од функционерите, укинување на управните одбори и ревидирање на неработните денови

Да се подигне на највисоко ниво одговорноста на функционерите и административците, да се заштити земјата од злоупотреба на моќ, да се укинат управните одбори во институциите кои ги има вкупно 1 320 со 129 000 вработени, да се спречи нерегуларното користење на службените возила со воведување посебни регистарски ознаки, да се ревидираат неработните денови и да се „разбудат“ корективите на …

Continue Reading

Волстрит журнал: Куба ќе стане седиште на кинеска шпионска база свртена кон САД

Кина и Куба постигнале таен договор Пекинг на островот да финансира изградба на објект за електронско прислушкување, ова би претставувало најнов геополитички предизвик и закана за САД, дознава Волстрит журнал. За ваква база, кинезите наводно биле спремни да ѝ платат на осиромашената Куба милијарди долари. Во својот ексклузивен материја објавен денеска весникот се повикува на официјални лица запознати со строго …

Continue Reading